Модел со витилиго го криел лицето со шминка 10 години – сега охрабрува сите да ја прифатат својата уникатност
- Детали
- вторник, 09 март 2021
Откако лекарите му соопштиле дека има витилиго, Роџер Монте од Бразил цели десет години ја криел дијагнозата и постојано носел шминка за да ја покрие депигментација на неговата кожа. Но, денес Роџер гордо го покажува лицето без шминка и им помага на луѓето со слични проблеми да се прифатат такви какви што се и да ја видат својата убавина.
На почетокот од 20-тите години од животот, Роџер забележал дека на некои делови од телото му се појавува депигментација на кожата.
Кога отишол на лекар, му соопштиле дека има витилиго, а дијагнозата ја срушила неговата самодоверба. Роџер бил убеден дека неговиот живот „е завршен“ и дека сите ќе го гледаат со потсмев.
За жал, неговите стравови биле оправдани – луѓето секогаш го гледале чудно и иако витилиго не е воопшто заразна болест, повеќето го избегнувале и држеле растојание од него.
Некои, пак, се осмелувале да се шегуваат и да го критикуваат неговиот изглед. Поради сето ова, Роџер одлучил дека е најдобро да ја крие состојбата со многу шминка.
10-тина години Роџер нанесувал дебел слој пудра на лицето и телото за да ја покрие депигментацијата. Бидејќи морал секогаш да носи шминка, почнал да ги мрази активностите како пливање и одење во теретана, односно престанал да прави сè што може да му ја размачка или избрише шминката и да ја открие неговата „голема тајна“.
Во 2016-та година Роџер запознал неколку луѓе на кои почнал да им верува, па им кажал за неговата состојба. За разлика од повеќето луѓе, овие нови пријатели не се шегувале со него туку, напротив, му ја дале потребната поддршка и го охрабриле да го покаже своето вистинска лице.
Благодарение на ова, Роџер се фотографирал без грам шминка и ја објавил фотографијата на Инстаграм.
Тој бил во неверување кога сфатил колку луѓе го поддржуваат во коментарите на објавата. Тогаш Роџер почнал почесто да споделува фотографии со неговото вистинско лице, а набрзо бил забележан и од неколку професионалци кои му понудиле соработка.
Денес 37-годишниот Роџер е модел, со над 36.000 следбеници на Инстаграм и редовно споделува фотографии на кои храбро го покажува своето лице.
Тој се надева дека споделувајќи ја неговата приказна, ќе им помогне и на другите луѓе со слични проблеми да се прифатат и да ја воочат нивната убавина.