„Моето момче има 80 килограми помалку од мене и сите се чудат зошто ме избрал“
- Детали
- петок, 05 март 2021
Леа не промовира дебелина и вели дека не ја кажува точната бројка на килограми затоа што не е горда на тоа, но од друга страна порачува дека во љубовта бројките не играат значење.
„Јасно ни е на двајцата дека јас сум покрупна од него, но тоа е тоа. Не знам зошто луѓето не можат да разберат како покрупна девојка како мене може да биде во среќна врска“, искрено вели 32-годишната Леа.
Леа Стенли (32) од Велика Британија го запознала Ден (35) од Њујорк преку апликација за состанување во август 2019 година и веднаш имало искра меѓу нив.
Парот се сретнал и тоа било љубов на прв поглед. Наскоро се вселиле заедно.
Леа, која е специјалист за дигитален маркетинг, вели дека постојано се соочуваат со коментари на осуда од типот како овој згоден маж, кој е 80 килограми послаб од неа, сака да биде во врска со неа.
Леа не промовира дебелина и вели дека не ја кажува точната бројка на килограми затоа што не е горда на тоа, но од друга страна порачува дека во љубовта бројките не играат значење и разликата во килограми не ја дефинира нивната врска.
„Тоа буквално е тема на која никогаш не сме зборувале. Јасно ни е на двајцата дека јас сум покрупна од него, но тоа е тоа. Сметам дека во свет каде луѓето се опседнати со бројки од различен тип, најважно е да запомниме дека тие токму и тоа се – само бројки. Ние сме среќни заедно, се шегуваме, се смееме многу и сме еден ведар и вљубен пар“, вели Леа.
Но, и покрај позитивноста во нивната врска, парот често се соочува со осудувачки коментари, а луѓето се осмелуваат да им кажат дека тие не се еден за друг.
„Луѓето како да не можат да разберат како покрупна девојка како мене може да биде во среќна врска. Искрено ќе им порачам дека најважна е самодовербата“, вели Леа.