Во англиско гратче повторно се вклучени новогодишните светилки: „Ни треба малку светлина во овој мрачен локдаун“

Поради локдаунот во Англија кој започна околу Нова година, жителите на едно гратче воопшто немале можност да уживаат во новогодишните светилки. Сега, одлучиле да ги вклучат уште еднаш, за да внесат барем малку светлина во мрачниот период.

vo-anglisko-gratche-povtorno-se-vklucheni-novogodishnite-svetilki-ni-treba-malku-svetlina-vo-ovoj-mrachen-lokdaun-01.jpg

Во гратчето Танкертон во англискиот округ Кент, жителите повторно уживаат во новогодишните украси.

На крајот на јануари, новогодишните сијалички низ градот биле изгаснати, но сега локалните власти и жителите решиле повторно да ги вклучат.

Деновиве градот го завеал снег, а бидејќи повеќето жители се чувствувале депресивно поради „локдаунот“ во Англија, и тие и властите се согласиле повторно да ги вклучат новогодишните светилки.

Жителите не само што ја поддржале идејата, туку голем број почнале да донираат и пари со кои ќе се покријат трошоците.

vo-anglisko-gratche-povtorno-se-vklucheni-novogodishnite-svetilki-ni-treba-malku-svetlina-vo-ovoj-mrachen-lokdaun-03.jpg

Идејата ја предложиле од здружението Talk of Tankerton, кое е одговорно за новогодишното украсување на градот.

„За време на новогодишните празници, жителите навистина уживаа во украсите. Но, поради локдаунот кој почна веднаш после Божиќ и Нова година, никој не го напушташе домот и логично беше порано да ги исклучиме светилките. Тој период беше навистина мрачно низ градот.

Но, бидејќи на секој му треба малку светлина во овој тежок период, почнавме да разговараме за идејата повторно да ги вклучиме новогодишните светилки низ градот“, вели Џули Корк, еден од основачите на здружението, за англиските медиуми.

vo-anglisko-gratche-povtorno-se-vklucheni-novogodishnite-svetilki-ni-treba-malku-svetlina-vo-ovoj-mrachen-lokdaun-04.jpg

Здружението собрало и над 1.300 долари од локалните жители за да се покријат трошоците за реализирање на идејата, а бидејќи им биле потребни само околу 400, останатите пари ќе ги чуваат за следниот декември.

vo-anglisko-gratche-povtorno-se-vklucheni-novogodishnite-svetilki-ni-treba-malku-svetlina-vo-ovoj-mrachen-lokdaun-02.jpg

vo-anglisko-gratche-povtorno-se-vklucheni-novogodishnite-svetilki-ni-treba-malku-svetlina-vo-ovoj-mrachen-lokdaun-05.jpg

vo-anglisko-gratche-povtorno-se-vklucheni-novogodishnite-svetilki-ni-treba-malku-svetlina-vo-ovoj-mrachen-lokdaun-06.jpg

vo-anglisko-gratche-povtorno-se-vklucheni-novogodishnite-svetilki-ni-treba-malku-svetlina-vo-ovoj-mrachen-lokdaun-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка на девојче (13) кое било спасено од принуден брак со братучед: „Сопругот нѐ измами“ „Во август минатата година отидовме во Пакистан на одмор, а таму, сопругот нѐ из...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Исповед на маж: „Ја започнав процедурата за да станам трансродова личност – пресреќен сум што се отк... „Има луѓе кои не се трансродови и промената на полот им е начин за да станат нов...
„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео) Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 е...
„Зошто ме разочара Миконос и нема да се вратам таму никогаш повторно?“ „Јас можам да си дозволам да си платам квалитетна храна и пијалаци, но тоа не зн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg