Инфлуенсерка посрамотена во авион: „Да имав мали гради сигурно немаше да ме тераат да облекувам џемпер“
- Детали
- четврток, 04 февруари 2021
Изабел Елеанор од Австралија го сподели своето непријатно искуство на Инстаграм со една авиокомпанија од Австралија. Имено, кога требала да влезе во авионот, била опомената да ја прекрие „непримерната облека“, а оваа манекенка вели дека се почувствувала навистина понижено.
„Направија сцена затоа што носев маичка со гол стомак и ме натераа да чекам пред сите додека бараа нешто со што ќе можам да се прекријам. Тоа е дискриминација и понижување. Да имав мали гради сигурна сум дека ништо немаше да ми искоментираат“.
Изабел патувала заедно со сопругот Џереми.
„Стјуардесата ја погледна мојата карта, а потоа ме погледна мене – „О, имате ли џемпер да се облечете?“. Прво помислив дека се грижи дали ќе ми биде ладно на летот, но продолжи со коментар дека не смеам да носам бикини во авион. И реков дека е топ, а не бикини, но сепак ме натераа да се облечам. Сметам дека ова е дискриминација - да бидете јавно посрамотени заради парче облека.“
Претставници на авиокомпанијата ја контактирале Изабел за да се извинат за неодамнешното искуство и додале дека нивната компанија нема никаква политика кога се во прашање „кроп-топовите“.
Е. П. | Црнобело