Сопственик на антикварница платил 10.000 долари за предметите во една куќа – проценил дека вредат 400.000 (фото+видео)
- Детали
- четврток, 04 февруари 2021
Сопственик на антикварница од Канада ги купил сите предмети од една куќа по цена од 10.000 долари, но кога почнал да ја одредува нивната вредност, сфатил дека го чека заработка од неверојатни 400.000 долари.
Алекс Арчболд од Канада, е сопственик на антикварница, кој купува стари предмети, ја одредува нивната вредност и потоа ги продава во неговата продавница.
Тој и сопругата ја отвориле антикварницата пред пет години, а неодамна ја направиле најдобрата инвестиција досега – тие платиле 10.000 долари за сите предмети од домот на една почината наставничка по пијано и набрзо сфатиле дека она што го купиле вреди дури 400.000 долари.
„Купувам и продавам стари предмет уште откако имав 9 години. Од подруми, па сè до депонии, барам насекаде и скоро секогаш успевам да најдам вредни стари предмети. Некогаш без двоумење купувам сè, како што направив со предметите на наставничката“, вели Алекс.
Алекс ја запознал наставничката пред неколку години, кога отишол кај неа за да ѝ помогне да продаде автомобил Cadillac од 1964-та година. Таа му кажала дека нема многу пари, па тој се надевал дека ако го продаде автомобилот, ќе може барем малку да ѝ помогне.
„Тогаш не ми дозволуваше да влезам во нејзината куќа – ми велеше дека прво мора да исчисти. Го потпишавме договорот во нејзиниот двор, а потоа се сретнувавме во кафетерии“, вели тој.
По смртта на наставничката во 2020-та, Алекс и сопругата решиле да го купат сиот мебел и сите предмети што биле нејзини, а за ова платиле 10.000 долари. Тие не очекувале дека ќе заработат многу, бидејќи наставничката му нагласила дека има мали примања, но останале без зборови кога влегле во куќата.
„Имаше натрупано безброј работи. Искрено, решивме да купиме сè само затоа што сметавме дека ќе биде забавно да истражуваме што има, но и бидејќи знаевме дека ќе го добиеме нејзиното пијано. Беше невозможно да се види што има внатре кога влеговме првпат, бидејќи куповите со предмети стигнуваа до таванот“.
Кога Алекс и сопругата почнале да истражуваат, сфатиле дека предметите вредат многу, многу повеќе од сумата што ја платиле.
Внатре тие нашле монети направени од чисто сребро, паричници полни со кеш, па дури и дијамантски прстени. Во гардероберот на наставничката имало дизајнерка облека, како и неколку крзнени бунди.
„Инвестиравме 10.000 за предметите во куќата, а кога ќе продадеме сè што е вредно ќе заработиме 400.000 долари. Ова е најдобрата инвестиција во мојот живот!“, споделува Алекс, кој досега направил една аукција за предметите и заработил над 200.000 долари.
Тој има и YouTube канал на кој споделува забавни видеа од ваквите авантури. Алекс направил дури четири видеа за истражувањето на куќата на наставничката, кои можете да ги погледнете во продолжение.
Спирова С. | Црнобело