Наставничка им држи онлајн часови на учениците додека прима хемотерапија – ракот не ја спречува да ужива во работата со деца

Кели Клајн е воспитувачка во градинка која не дозволувата нејзината дијагноза и хемотерапијата да ја спречат во нејзината работа – таа продолжила да ги држи онлајн часовите, дури и од нејзината болничка соба.

vistinska-inspiracija-nastavnichka-so-rak-im-drzhi-onlajn-chasovi-na-uchenicite-dodeka-prima-hemoterapija-01.jpg

Повеќето наставници и воспитувачи го избираат ова работно место најмногу поради љубовта кон децата и желбата да им помогнат да станат подобри личности. Кели Клајн е воспитувачка во градинка од Минесота која само го потврдува ова.

Кели има рак на јајниците во трет стадиум и еднаш месечно оди на хемотерапија. Но, таа не само што продолжила со онлајн часовите кога ја добила дијагнозата, туку понекогаш ги одржува и од болницата.

Секој месец, 32-годишната Кели минува по пет часа во болница за хемотерапијата, а во тој период не ги одложува онлајн часовите, туку ги одржува од болничката соба.

vistinska-inspiracija-nastavnichka-so-rak-im-drzhi-onlajn-chasovi-na-uchenicite-dodeka-prima-hemoterapija-02.jpg

За жал, ова не е првпат Кели да оди на третман за ракот. Првата дијагноза ја добила пред околу пет години и тогаш морала да оди на боледување поради агресивниот третман.

Кога пред некој месец дознала дека повторно ќе треба да оди на терапија, одлучила да не оди на боледување, туку да продолжи да си работи бидејќи, како што вели самата, нејзините ученици се светлата точка во овој мрачен период од нејзиниот живот.

„Кога им предавам на 5-годишните деца се чувствувам како да одам во Дизниленд. Сите се возбудени за сè, а ова многу ми го подобрува расположението.

Кога одите на хемотерапија и сте опкружени само со болни луѓе, целото искуство е многу депресивно. Мене, пак, моите ученици ми помагаат да се чувствувам подобро во таква средина“.

vistinska-inspiracija-nastavnichka-so-rak-im-drzhi-onlajn-chasovi-na-uchenicite-dodeka-prima-hemoterapija-06.jpg

Одлуката на Кели да продолжи со работа ја воодушевила и директорката на градинката:

„Со она што го прави, Кели всушност им покажува на децата дека можат да се справат со тешките ситуации и дека тие не ги дефинираат како личности, туку, овие лоши моменти се само дел од нашето животно искуство“, вели таа.

vistinska-inspiracija-nastavnichka-so-rak-im-drzhi-onlajn-chasovi-na-uchenicite-dodeka-prima-hemoterapija-03.jpg

vistinska-inspiracija-nastavnichka-so-rak-im-drzhi-onlajn-chasovi-na-uchenicite-dodeka-prima-hemoterapija-04.jpg

vistinska-inspiracija-nastavnichka-so-rak-im-drzhi-onlajn-chasovi-na-uchenicite-dodeka-prima-hemoterapija-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg