„Мама конечно ќе гледа во боја“ – Емотивно изненадување од децата за мајка им која не разликува бои (видео)

Видео доказ дека љубовта кон мајката не познава за граници – децата ѝ подаруваат специјални очила на нивната мајка, за да може да го погледне светот во боја, а нејзината реакција ќе ви ги насолзи очите.

mama-konechno-kje-gleda-vo-boja-emotivno-iznenaduvanje-od-decata-za-majka-im-koja-ne-razlikuva-boi-video-01.jpg

Моментот кога нејзините деца ќе ѝ подарат незаборавно изненадување на својата мајка која не разликува бои и гледа само 20% од нив, ќе ви го стопи срцето.

Самохрана мајка, која сама одгледала 4 деца, сега добива прекрасно изненадување од нив, кое сведочи за љубовта помеѓу дете и родител.

На видео снимката, мајката отвора подарок кој е неколкупати спакуван, додека ќерката прикажува листови со пораки на кои пишува:

„Таа не разликува бои. Може да гледа само 20% бои. Но, тоа сега ќе се промени. Имаме огромно изненадување. Таа одгледа 4 деца сама. Работи 2 работи за семејството. Ѝ купивме очила кои ќе и помогнат да гледа боја. Таа никогаш немаше да си ги дозволи. Ниту да се почести. Но, затоа ние го направивме тоа. Ова е изненадување на животниот век!“

Отворајќи го подарокот, мајката чита порака која ја расплакува, а во меѓувреме децата облекуваат флуресцентни блузи и ѝ ги подготвуваат очилата.

Кога ќе ѝ ги стават очилата на очи, кои таа не знае за што се бидејќи мижи, го отвора подарокот, кој всушност е сет од разни бои.

Реакцијата кога ќе ги отвори очите со очилата на себе е непроценлива:

https://www.youtube.com/watch?v=-dhtESYw83A&ab_channel=Moonvisiter

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
Емотивно до солзи: Болна мајка присуствува на свадбата на ќерката, ден пред да почине „Мојот сопруг ме запроси на 18-ти август, следното утро веднаш ја направивме сва...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg