Оглас за двајца вработени на изолиран остров во Ирска, без струја - да го одржуваат локалното кафуле
- Детали
- четврток, 21 јануари 2021
Замислете работниот ден да ви започнува со шолја чај и ваков прекрасен пејзаж, далеку од луѓе и врева, звучи совршено, зарем не?
На ирскиот остров Great Blasket Island се бараат двајца вработени кои ќе се грижат за локалното кафуле и за 4 куќички за гости од месец април до октомври.
Огласот е објавен на Твитер профилот на островот.
** Job Application **
— Great Blasket Island (@gbisland) January 15, 2021
The form for the Island Caretaker position is now live on our website. A little different this year, we created a Frequently Asked Question page followed by an application form. Make sure you read all the questions and tick the check box to proceed. pic.twitter.com/dZLsENDwEo
На островот нема струја или WiFi, а се советува дури тие што ќе дојдат да си донесат и вода за пиење за поголема безбедност.
Ени Бирни и Еоин Бојл, пар од Даблин, беа „чувари“ на островот во 2020 година. Но, поради короната нивната преселба на островот беше одложена и таму појдоа дури во месец јуни.
Ени на шега вели дека размислувале цели 15 секунди пред да се одлучат да одат таму.
Таа открива дека во изминатите месеци островот бил цел нивен универзум и дека уживале и покрај предизвиците од типот на капење со студена вода, немање WiFi и ограничениот период за извршување на дневните активности додека има дневна светлина, поради недостигот од струја.
Тие ги подготвувале колибите за гостите, а кафулето во 2020, за жал, останало затворено поради пандемијата.
Во слободно време пливале, планинареле и уживале во шолја чај со поглед кон неверојатниот пејзаж.
Дали ова ви изгледа како работа од соништата?
С. С. | Црнобело