Програмер има 250 милиони долари во биткоини, но ја заборавил лозинката и нема пристап до нив

Еден програмер од САД, пред десетина години наплатил за услуга со биткоини. Тогаш му биле исплатени 7.002 биткоини, кои денес вредат над 200 милиони долари, но тој не може да ја најде лозинката и нема пристап до нив, a има уште 2 обиди да ја погоди - во спротивно, го губи богатството засекогаш.

programer-ima-250-milioni-dolari-vo-bitkoini-no-ja-zaboravil-lozinkata-i-nema-pristap-do-niv01.jpg

Стефан Томас е програмер од САД кој има богатство од речиси 250 милиони долари во биткоини, но нема пристап до него.

Според New York Times, во 2011-та година Стефан направил анимација, а за услугата добил 7.002 биткоини. Оттогаш, вредноста на криптовалутата драстично се зголеми – денес, 13.01.2021, еден биткоин чини 35.000 долари, што значи дека Стефан има околу 245 милиони долари. Проблемот е што тој не ја помни лозинката на неговиот кориснички профил, па не може никако да стигне до нив.

Стефан ги чува биткоините на хард-диск со енкрипција, од брендот IronKey, кој е заштитен со лозинка. Кај овие хард-дискови можете да внесете погрешна лозинка само 10 пати, а потоа содржината на дискот се заклучува засекогаш. Досега Стефан пробал 8 лозинки, што значи дека му остануваат уште два обида за да ги добие парите. Во спротивно, засекогаш ќе го изгуби богатството.

Стефан ја запишал лозинката пред 10 години, но никако не можел да го најде листот, ниту да се сети на неа. Тој не може да добие помош ни од луѓето кои стојат зад криптовалутата, бидејќи тие не чуваат лозинки. Наместо тоа, им дозволуваат на корисниците кои купуваат биткоини сами да си го заштитат дигиталниот паричник, така што само тие имаат пристап до него.

programer-ima-250-milioni-dolari-vo-bitkoini-no-ja-zaboravil-lozinkata-i-nema-pristap-do-niv-02.jpg

Оние кои сакаат да користат биткоини, мораат да си направат таканаречен дигитален паричник. Разликата од „обичниот“ е тоа што наместо физички пари, дигиталниот паричник содржи информации, како приватната лозинка на корисникот со која може да дојде до биткоините и да прави трансакции со нив. Податоците за овој паричник можат да се чуваат онлајн или, како во случајот на Стефан, на хард-диск.

„Понекогаш само лежам во кревет и мислам на парите. Потоа ќе отидам до компјутерот со нова стратегија, нема да успеам, и повторно почнувам да се чувствувам очајно“, изјавил програмерот за New York Times.

Стефан вели дека сега го чува дискот на безбедно место и се надева дека некој криптограф ќе му помогне кога-тогаш да добие пристап до неговиот дигитален паричник.

Вредноста на биткоинот е драстично зголемена од пред една деценија, но се чини дека уште не е стабилна. Пред некоја недела неговата вредност порасна, а неделава повторно се спушти, но, според New York Times, моменталната вредност е за 50% поголема од минатиот месец.

programer-ima-250-milioni-dolari-vo-bitkoini-no-ja-zaboravil-lozinkata-i-nema-pristap-do-niv03.jpg

Приказната на Стефан најмногу се прослави на Твитер, и некои корисници му покажуваат сочувство, но некои го критикуваат за немарното пробување лозинки:

„Кога се 200 милиони во прашање не треба сам да погодуваш лозинки, туку да одиш кај професионалци, да купиш 20 лозинки за IronKey и да поминеш шест месеци барајќи начин да влезеш внатре“, напишал еден од нив.

Нормално, дел од коментарите се и шеговити, па некои корисници му предложиле на Стефан да проба со лозинката „123456“ или „password“.

Од New York Times споделуваат дека Стефан не е единствениот со овој проблем – огромен број луѓе ги изгубиле лозинките за нивниот дигитален паричник и немаат пристап до биткоините. Тие цитираат и истражување, според кое 20% од сите биткоини се изгубени, најмногу поради заборавени лозинки.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg