Меланија и Доналд Трамп позираат за божиќниот портрет за 2020 во иста модна комбинација (фото)
- Детали
- сабота, 19 декември 2020
Како и претходните години, и оваа Доналд и Меланија Трамп направија официјален божиќен портрет во Белата куќа, а годинава одбрале исти модни комбинации
Доналд и Меланија се подготвуваат да ја поминат последната празнична сезона во Белата куќа, а првата дама го објави и нивниот божиќен портрет. На фотографијата, 50-годишната Меланија и 74-годишниот Доналд стојат еден до друг, а носат иста облека – црни панталони, бела кошула, сако и црни чевли.
На портретите од претходните години Доналд секојпат ја носеше истата облека, додека Меланија е покреативна со модните комбинации.
„Среќен Божиќ од претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп“, стои во описот на фотографијата.
Според описот, фотографијата е направена на 10-ти декември од страна на фотографот на Белата куќа Андреа Ханкс.
Прочитајте и Меланија Трамп за последен пат ја украси Белата куќа – како изгледаат декорациите оваа празнична сезона?
Спирова С. | Црнобело