Контроверзен Нигериец дошол на свадба со 6 бремени жени, кои носат негови деца
- Детали
- четврток, 26 ноември 2020
Во 2017 година овој контроверзен инфлуенсер беше уапсен затоа што водел жени на синџири како кучиња, а сега повторно предизвика скандал кој ја згрози јавноста.
Контроверзен инфлуенсер од Нигерија познат како „Pretty Mike“ предизвика скандал откако се појави на свадба во придружба на 6 бремени жени за кои тврди дека носат негови деца.
Покрај фотографијата со 6-те жени, тој на Инстаграм објави и видео на кое ги милува една по една по стомаците додека чекаат во ред на свадбата.
Тој има 306.000 следбеници на Инстаграм, а познат е по скандалите.
Во 2017 година дури беше уапсен затоа што врзал жени на синџири и така ги водел на свадба како кучиња.
Во септември минатата година тој позираше со 5 жени во венчаници и кажа дека сон му е да се ожени со две од неговите бивши девојки и три од сегашните.
Фотки од скандалозниот Нигериец:
С. С. | Црнобело