„Лицето ми беше двојно поголемо“ – 20-годишна девојка добила ужасна алергиска реакција откако сама си ги офарбала веѓите

20-годишната Стефани Дејвис е доказ дека некои работи треба да се препуштат на професионелц - таа си создала сериозен проблем откако се обидела сама да си офарба веѓите, и тоа двапати.

liceto-mi-beshe-dvojno-pogolemo-20-godishna-devojka-dobila-uzhasna-alergiska-reakcija-otkako-sama-si-gi-ofarbala-vegjite-01.jpg

Стефани секогаш посетувала салон за овој третман, а во 2018-та решила да проба да го направи сама. Но, од продуктот што го употребила ѝ се појавила алергиска реакција и отоци на целото лице.

liceto-mi-beshe-dvojno-pogolemo-20-godishna-devojka-dobila-uzhasna-alergiska-reakcija-otkako-sama-si-gi-ofarbala-vegjite-06.jpg

Годинава, Стефани повторно се осмелила да го направи истото, но со друг продукт и повторно се нашла во иста ситуација. Кога завршила со фарбањето била навистина задоволна од резултатот, но следното утро повторно се разбудила со алергиска реакција и отечено лице, а состојбата толку ѝ се влошила, што морала да прими стероиди и антибиотици.

liceto-mi-beshe-dvojno-pogolemo-20-godishna-devojka-dobila-uzhasna-alergiska-reakcija-otkako-sama-si-gi-ofarbala-vegjite-03.jpg

„Кога првпат сама ги офарбав веѓите, лицето ми стана двојно поголемо. Изгледав како некој да ме натепал. Не можев да се препознаам – изгледав како сосема друга личност. Не можев да ги отворам очите, а веѓите ми беа многу цврсти.

Сакам да изгледам убаво и секогаш носам шминка и вештачки трепки, но поради ова не можев да се шминкам цела недела.

Кога ги офарбав веѓите бев во ред. Малку ме чешаше во текот на ноќта, но не помислив дека е нешто сериозно. Следното утро не можев да ги отворам очите и од нив излегуваше нешто зелено, како да имав конјуктивитис.

Лицето ми беше многу отечено, а имав болки во грлото и ушите. Му се јавив на лекарот и тој ми стави силни стероиди за да ми ја смири реакцијата. Сето ова траеше една недела и не можев воопшто да излегувам.

Пред првата алергиска реакција редовно ги фарбав веѓите во салон. Вториот пат кога ги офарбав дома, пробав со друг бренд и кога го почувствував чешањето, помислив дека повторно ми се случува истото“.

liceto-mi-beshe-dvojno-pogolemo-20-godishna-devojka-dobila-uzhasna-alergiska-reakcija-otkako-sama-si-gi-ofarbala-vegjite-04.jpg

Сега, Стефани вели дека никогаш повеќе нема да ги фарба веѓите, особено не сама.

„Ова искуство ме натера целосно да се откажам од фарбањето на веѓите. Сега само ќе ги исцртувам“.

liceto-mi-beshe-dvojno-pogolemo-20-godishna-devojka-dobila-uzhasna-alergiska-reakcija-otkako-sama-si-gi-ofarbala-vegjite-06.jpg

liceto-mi-beshe-dvojno-pogolemo-20-godishna-devojka-dobila-uzhasna-alergiska-reakcija-otkako-sama-si-gi-ofarbala-vegjite-05.jpg

Иако денес постојат продукти за секакви третмани што можете да ги направите сами дома, искуството на Стефани е доказ некои работи треба да му се препуштат на професионалец.

Фарбањето на веѓите можеби звучи едноставно, но најдобро е да не се обидувате да го направите сами или барем прво да се консултирате со професионалец околу брендот на продуктот кој ќе го користите и постапката.

За среќа, Стефани поминала без посериозни последици, но сепак не вреди да се ризикува кога станува збор за вакви работи.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
По 100 операции и третмани од кои ѝ се распадна лицето, Џесика Алвес ги отстранува филерите: „Сакам ... Џесика Алвес, која пред да го промени полот беше нарекувана „жив Кен“, вели дека...
Жена од Бразил станала полицајка за да го фати убиецот на татко ѝ – го уапсила 25 години по убиствот... 36-годишна полицајка од Бразил го посветила целиот живот на барањето на убиецот ...
Сонувала да се омажи за богат маж, но сама заработила милиони - Самохрана мајка од Гана е вистинска ... Одбила брак со милионер, останала сама со 2 деца и морала да се врати во родното...
ТВ водителка поминала 400 операции, откако бившиот ја нападнал со киселина: „Се плашев од луѓето“ „Не сакав никого да видам и не сакав никој да ме види. Се сеќавам колку се плаше...
„Ме силуваа 3 часа“ – Потресно сведочење на шпанска блогерка која била нападната од 7 мажи додека ка... „Кога врескав ме удираа по лицето. Ги молев да престанат, им понудив пари, да зе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg