Јутубер, кој промовира семејни вредности, вреска по жена му - која е реакцијата на парот по срамниот скандал?
- Детали
- вторник, 20 октомври 2020
Тие се едно од најпопуларните семејства на социјални мрежи, а милиони фанови секој ден го следат нивното хармонично секојдневие, но сега едно скандалозно видео предизвика дебата дали даваат реална слика на работите.
На Јутуб каналот „The ACE Family“ постојано се промовираат убавините на семејниот живот. Јутуберот Остин МекБрум и неговата сопруга Кетрин пред своите 19 милиони следбеници постојано прикажуваат детали од животот со нивните 3 деца.
Но, среде таа хармонија протече едно видео на кое Остин жестоко ѝ вика на својата сопруга пред децата, кое веднаш беше избришано.
Многумина негативно реагираа на ова и се запрашаа дали нивната хармонија е само фарса за на интернет.
По скандалозното видео на семејниот влог, реагираше Кетрин која на својот Твитер профил напиша:
„Се надевам дека уживавте во денешното видео кое беше нешто поинакво. И да, Остин и јас сме фрустрирани еден на друг понекогаш, тоа се вика брак. Посакувам луѓето да престанат да очекуваат дека постои нешто како „совршен“ живот, тоа не е реално. Те сакам Остин“.
I hope you guys enjoyed todays video super chill vibes, something different! And yes Austin and I get frustrated with each other sometimes it’s called marriage😩I wish ppl would stop expecting ppl to have a “Perfect” life it’s just not realistic!🙏love u bebe @AustinMcbroom lolll
-->— Catherine McBroom (@CatherinePaiz) October 16, 2020
Потоа и Остин порача дека ниту една врска не е е совршена, но дека љубовта што ја имаат еден за друг со сопругата надоместува за малите несовршености.
Инаку, парот во 2019-та се всели во вила од 10 милиони долари, пари заработени од нивниот Јутуб канал.
Дел од нивните семејни видеа:
С. С. | Црнобело