Томасо Ди Џиовани, потпретседател за меѓународни комуникации во Филип Морис Интернешнл: Тука сме да обезбедиме подобри алтернативи

Томасо Ди Џиовани, потпретседател за меѓународни комуникации во „Филип Морис Интернешнл“, зборува за придобивките од алтернативите без чад и IQOS, и неодамнешната дозвола од ФДА дека IQOS може да се класифицира како производ со модифициран ризик, разјаснувајќи многу помалку познати аспекти и иднината на тутунската индустрија.

tomaso-di-dzhiovani-potpretsedatel-za-megjunarodni-komunikacii-vo-filip-moris-interneshnl-tuka-sme-da-obezbedime-podobri-alternativi-01.jpg

Агенцијата за храна и лекови на СД (FDA) го дозволи пласманот на IQOS како производ со модифициран ризик во јули оваа година. Тоа значи дека IQOS не го гори тутунот, туку го загрева. Какво значење има оваа пресвртница за вас?

Дозволата што ја добивме е важно достигнување за нас. Агенцијата за храна и лекови на САД заклучи три главни работи од доказите што ние ги споделивме и тие ги собраа, што опфаќа стотици илјади страници: 1) IQOS системот го загрева тутунот, но не го гори, 2) Ова значително го намалува производството на штетни и потенцијално штетни материи и 3 ) Научните студии покажаа дека целосната промена од обичните, согорливи цигари на IQOS уредот значително ја намалува изложеноста на штетни или потенцијално штетни материи. Што е најважно, Агенцијата одобри комуницирање на овие информации со потрошувачите во САД, бидејќи тие веруваат дека комерцијализирањето на овој производ со овие информации ќе донесе корист, ќе го унапреди јавното здравје и веројатно ќе произведе мерливо и значително намалување на морбидитет и морталитет кај пушачите, што може да биде докажано во следните студии. Оваа и претходната одлука за PMTA (Premarket Tobacco Application) ни дава пристап до еден од најголемите пазари во светот - американскиот пазар. Понатаму, тоа е јасен сигнал за другите влади да се консултираат со науката и да донесуваат одлуки засновани врз докази дека технологијата и науката можат да бидат од корист за јавното здравје доколку правилно го регулираат пазарот.

Во суштина значи ако нема простор за пушење, во ресторан или во клуб, можете да се користи IQOS? Дури и ако има знак за забрането пушење?

Тоа зависи од регулативата на земјата. Секоја земја има различни регулативи.

Мислите дека ќе се направат измени низ целиот свет, така што луѓето ќе можат да го користат во затворено. Дали го очекувате тоа?

Употребата во затворен простор е различно прашање. Агенцијата за храна и лекови на САД и другите организации испраќаат јасна порака: не постои „производ со нула ризик“, но за оние кои продолжуваат да пушат, постојат различни (и јасно подобри) алтернативи на цигарите. Затоа ги охрабруваме да направат промена, обезбедувајќи им информации за ризиците и придобивките од нашиот производ. Според моите информации, Агенцијата не се осврна на употребата во затворени простории во нивната одлука за производ со модифициран ризик.

„Добро е да им се понуди на пушачите подобра алтернатива без чад, доколку не се откажуваат“

Дали пурите и обичните цигари ќе бидат целосно заменети со производи со модифициран ризик, како што е IQOS, во блиска иднина?

Тоа е дефинитивно нашата визија и амбиција. Во 2025 година, ќе имаме приближно ист број пушачи што го имаме денес во светот. Општо разумно решение е да им понудите подобра алтернатива без чад, бидејќи и онака ќе пушат. Менуваме брзини за експресно да ги замениме цигарите со помалку штетни алтернативи. Започнавме пред три или четири години и нашиот производ кој го загрева тутунот е веќе комерцијализиран во 57 земји. Сега, близу 15 милиони потрошувачи го користат производот. Повеќе од 11 милиони целосно ги откажаа обичните цигари. Веќе направивме огромен напредок. Во Јапонија, приближно четвртина од популацијата на пушачи се префрли на производи без чад. Голем број потрошувачи во Велика Британија се префрлија на електронски цигари.

Но, ние не сме единствените во играта. Невладините организации, научните заедници и лекарите сите треба да бидат многу доследни во своите пораки. Регулаторите треба да ги изменат застарените закони. Ако секој ја одигра својата улога, некои земји може да се ослободат целосно од цигарите за 10-15 години од сега, за помалку од една генерација.

Дали оваа промена ќе биде лесна? Како можеме да ги убедиме корисниците да користат IQOS наместо цигари, бидејќи постои навика, традиција, ритуал, зависност и тие се навикнати на класичниот чад од тутун, во поглед на „електричната природа“ на IQOS -имено бара полнење. Тоа е како да менувате еспресо за капучино - кофеинот е ист, но вкусот не е.

Вашето прашање го отсликува јадрото на проблемот. Кога согорувате тутун, добивате одреден мирис и вкус. Кога палите цигара, има одреден ритуал. Без оглед на тоа како се обидувате да го имитирате ова, другите производи нема да бидат баш исти. Дури и искуството за купување на производот не е исто. Промената не е лесна и има потреба да се поддржи. Меѓутоа, откако ќе се направи промена, по првите 2 или 3 недели, потрошувачите обично не се враќаат на цигарите. Речиси и не им се допаѓаат цигарите повеќе. Но, им треба охрабрување во овој прв период. Комерцијализацијата на овие производи е веќе друго прашање.

Дали мислите дека владата ќе наметне регулативи како во автомобилската индустрија? Некои земји како Велика Британија, Франција, Норвешка, предложија постепено исфрлање на возилата со фосилно гориво до 2025 или 2040 година. Дали цигарите ќе бидат целосно забранети?

Не верувам, но утврдувањето јасна цел во политиката за јавното здравје е нешто што има смисла. Тоа би ги забрзало позитивните промени. Единствената земја што направи нешто во таа насока е Велика Британија, која сака да биде без чад до 2030 година, обидувајќи се да ги натера пушачите да се префрлат на електронски цигари ако не се откажуваат целосно од пушење. Некои други земји се потрудија, но сè уште не толку нагласено: Грција, Португалија, Нов Зеланд… Поставувањето јасни цели за ослободување од чадот би испратило јасна порака до потрошувачите.

Во повеќето земји во светот, не постои јасна разлика помеѓу цигарите и другите производи со тутун или никотин, тие се третираат еднакво (па дури и се забранети). Филип Морис смета дека возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат обични цигари, треба да имаат доволно информации за помалку штетни алтернативи. Што може PMI да направи за да ги „просветли“ корисниците да преминат на IQOS?

Дефинирање на регулатива во склад со науката, како што направи Агенцијата за храна и лекови на САД, може да им испрати јасна порака на пушачите. Некои земји, како што се САД, Италија, Португалија или Велика Британија, веќе одат во таа насока. Во земјите кои не правat разлика помеѓу производите, потешко е пушачот да направи промена. Ако не им ги соопштите придобивките и ризиците на потрошувачите, во основа им кажувате дека тоа е истата работа. И ги охрабрувате да се држат до полесниот избор: цигари, на штета на нивното и јавното здравје.

Важно е да се носат одлуки засновани на научни докази затоа што, и панемијата со коронавирусот е исто така добар пример, - сите погледи се насочени кон научни истражувања во оваа криза. Кога станува збор за тутунската индустрија, генерално на пазарот има многу производители на електронски и други производи со тутун кои се несигурни, непроверени, поради што Агенцијата за храна и лекови на САД нареди, меѓу другото, сите производители кои сакаат да опстојат на пазарот мора да имаат дозвола и научни докази, во согласност со унапредувањето на јавното здравје. Како Филип Морис може да даде појаснување за IQOS, за да ги убеди луѓето дека е добар и многу помалку штетен производ?

Многу е важно потрошувачите да добијат прецизни и точни информации за да не бидат збунети, како со пандемијата. За време на пандемијата, на пример, видовме дека се споделуваат контрадикторни информации за пушењето и Ковид-19, како што се појавуваа докази. Одлуката на FDA е многу важна бидејќи јасно опфаќа некои клучни прашања. Ова е пристап што се спротивставува на дезинформациите што ги шират некои приватни групи на интерес предводени од идеологијата на забрана и кои не веруваат во алтернативи. Тие веруваат дека играта на нула сума е возможна, но сите знаеме дека не е. Луѓето ќе продолжат да пушат, според истите предвидувања на СЗО. Треба да им обезбедиме точни информации за придобивките и ризиците од алтернативите.

„Вејпингот“ беше погоден од веста дека користењето на некои масла со тутун е дури и полошо од цигарите. Многу интересни групи ги пласираат своите информации што се против електронските цигари. Јавноста е прилично збунета со тоа. Тешка работа е да го пренасочите до научната основа.

Фантастичен пример. Тоа е ситуација во САД кога имаше голема медиумска покриеност на тема дали е-цигарите се добри или лоши. Проблемот беше во врска со маслата и витаминот Д измешани во е-течностите. Забележете дека ова не може да се случи на пример во ЕУ, каде што е-течностите се регулирани. Супстанциите што причинија смрт во САД не беа регулирани и не треба да се користат со е-течности. Улогата на владите е да постават рамка за потрошувачите да не прават грешки како ставање масла или витамин Е во електронските цигари. Прашањето не е дали овие производи се подобри од цигарите. Тоа е јасно, но тие треба да бидат регулирани и да подлежат на стандарди за квалитет.

http://www.diplomacyandcommerce.rs/tommaso-di-giovanni-vice-president-of-international-communications-at-philip-morris-international-we-are-here-to-provide-better-alternatives/

Би можело да ве интересира:

Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Маж осуден откако силувал девојка во воз, а никој од патниците не реагирал - Детали за случајот што ... Рајан Џонстон е осуден на 9 години затвор од страна на судот во Лондон, откако в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg