„Како да истрча во мојата прегратка!“ – Бразилски фудбалер ја породил сопругата пред зграда (видео)

Бразилскиот фудбалер Брајан Борхес и неговата бремена сопруга сакале да одат во болница, но не стигнале ни до автомобилот кога таа почнала да се породува.

kako-da-istrcha-vo-mojata-pregratka-brazilski-fudbaler-ja-porodil-soprugata-na-ulica-01.jpg

Фудбалерот Брајан Борхес игра за бразилскиот клуб Nautico Capibaribe, а неодамна имал можност да покаже дека фудбалот не е неговиот единствен талент. Брајан самиот ја породил неговата сопруга.

Милена, неговата сопруга, во 5:30 наутро сфатила дека ѝ пукнал водењакот, а веднаш потоа се појавиле и контракции. 24-годишниот фудбалер веднаш се подготвил да ја однесе Милена во болница, но изгледа на нивната ќерка не ѝ се чекало. Парот едвај излегол пред зграда, кога Милена почнала да се породува.

Брајан веднаш ѝ помогнал да легне на земјата и сфатил дека тој ќе мора да помага во породувањето. Штом Милена легнала на земјата, веднаш почувствувала дека бебето излегува. Но, Брајан бил брз и породувањето поминувало без проблеми. Ќеркичката ја крстиле Сесилија.

Уште поинтересно е што целата ситуација била фатена и на безбедносните камери од зградата, па засекогаш ќе си имаат и спомен од овој среќен настан.

„Само што ја подадов раката и Сесилија веќе излегуваше. Како да истрча во мојата прегратка!“, вели фудбалерот за целиот настан.

kako-da-istrcha-vo-mojata-pregratka-brazilski-fudbaler-ja-porodil-soprugata-na-ulica-02.jpg

„Ова е без сомнение најубавиот ден од мојот живот. Беше навистина посебен и уникатен момент“, додава Брајан.

Откако Милена се породила, Брајан веднаш ја однел во болница. Лекарите ја прегледале Сесилија и му соопштиле на Брајан дека и ќерка му, и сопругата се во одлична состојба.

kako-da-istrcha-vo-mojata-pregratka-brazilski-fudbaler-ja-porodil-soprugata-na-ulica-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg