Земји каде животот е убав
- Детали
- понеделник, 04 април 2011
Секоја година Институтот Легатум, приватна истражувачка организација со седиште во Дубаи, собира податоци од 110 земји кои опфаќаат 90%...
...од светската популација и ги користи за да ги подреди статистички.
Неодамна објавија „Десет најдобро уредени земји на светот“ каде навистина е убаво да се живее. При тоа мерено е нивото на конкурентност и корупција на секоја влада, како и довербата на граѓаните во изборите, правниот систем и војската.
1. Швајцарија има силен систем на контрола. Постои висок степен на политички ограничувања.
2. Данска има многу добро изрегулиран изборен процес и еден од најефикасните бирократски апарати на светот.
3. САД имаат висок степен на конкурентност во извршната и законодавната власт кои се регулирани исклучително добро.
4. Нов Зеланд има добро развиена владина социјална политика и политика за заштита на човековата околина.
5. Во Канада постои владин напор за помош на сиромашните.
6. Шведска – перцепцијата за корупција во владата и економијата е многу ниска.
7. Преку 90% од Финците веруваат дека изборите во земјата се фер.
8. Австралисите граѓани имаат можност да го изнесат своето мислење на владините претставници.
9. Британскиот модел на владеење е меѓу најстабилните на светот, бидејќи не се менувал 128 години.
10. Холандија е на прво место по прописите кои овозможуваат да се контролираат овластувањата на извршната власт.