Метод што влева надеж - „Корона кучиња“ на аеродромот во Хелсинки проверуваат дали патниците се заразени

На аеродромот во Хелсинки се користат кучиња за проверка на патниците, кои можат да го намирисаат новиот корона вирус со точност од речиси 100%.

metod-shto-vleva-nadezh-korona-kuchinja-na-aerodromot-vo-helsinki-proveruvaat-dali-patnicite-se-zarazeni-so-noviot-virus-01.jpg

На Универзитетот во Хелсинки е спроведено истражување кое покажало дека кучињата можат да го намирисаат присуството на новиот корона вирус, и тоа за 10-тина секунди. Целиот процес на проверка со помош на куче траел помалку од една минута.

Моментално, овој начин на проверка се тестира на аеродромот во Хелсинки.

metod-shto-vleva-nadezh-korona-kuchinja-na-aerodromot-vo-helsinki-proveruvaat-dali-patnicite-se-zarazeni-so-noviot-virus-02.jpg

Според Ана Хиелм Бјоркман, која го надгледува истражувањето, досегашните резултати влевале голема надеж:

„Ако ова работи, ќе биде добар метод за скрининг и на други места, како болници, домови за стари лица и спортски и културни настани“.

Во проверката на патниците на аеродромот учествуваат четири специјално тренирани кучиња, кои можат да го намирисаат вирусот со точност од 94% до 100%. Истовремено, кучињата можат да го забележат вирусот многу побрзо од тестовите што се користат сега.

metod-shto-vleva-nadezh-korona-kuchinja-na-aerodromot-vo-helsinki-proveruvaat-dali-patnicite-se-zarazeni-so-noviot-virus-03.jpg

Откако патниците на аеродромот ќе си го земат багажот, тие поминуваат со шамивче на дел од нивната кожа, со тоа давајќи примерок.

Потоа примерокот се носи во посебна просторија, каде што се поставува до неколку примероци со друг мирис, и кучето почнува да душка.

Ако го забележи вирусот, кучето обично дава сигнал како легнување или движење на шепата. Потоа на патниците им се препорачува да направат и бесплатен ПЦР тест, за да се потврдат наодите на кучето

metod-shto-vleva-nadezh-korona-kuchinja-na-aerodromot-vo-helsinki-proveruvaat-dali-patnicite-se-zarazeni-so-noviot-virus-04.jpg

metod-shto-vleva-nadezh-korona-kuchinja-na-aerodromot-vo-helsinki-proveruvaat-dali-patnicite-se-zarazeni-so-noviot-virus-05.jpg

Во првите тестирања во рамките на истражувањето, кучињата кои веќе можеле да намирисаат болести како рак и дијабетес, го идентификувале вирусот со голема прецизност, понекогаш и неколку денови пред пациентот да развие симптоми.

Интересно е што на научниците уште не им е јасно што всушност намирисува кучето кога го забележува вирусот. Според француско истражување од јуни годинава, голема е веројатноста дека потта на позитивните пациенти има поразличен мирис, па можеби кучињата ја забележуваат оваа разлика. Истовремено, кучињата можат да го забележат вирусот од многу помал молекуларен примерок, за разлика од ПЦР тестовите.

Уште подобро е што овој начин на проверка бил многу поевтин од лабораториските тестови.

metod-shto-vleva-nadezh-korona-kuchinja-na-aerodromot-vo-helsinki-proveruvaat-dali-patnicite-se-zarazeni-so-noviot-virus-06.jpg

Од СЗО веќе споделија дека кучињата не можат да се заразат со вирусот, а нема ни докази дека можат да го пренесат на други луѓе или животни.

Наводно, на слични проекти се работи и во Австралија, Франција, Германија и Англија, но Финска е првата држава која „вработи“ кучиња со оваа намена.

Мислите ли дека може да биде успешно?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Апокалиптични сцени од поплавата во Дубаи: Гарнитура лета од тераса, луѓе се кријат на аеродромот (ф... Вчера (16.04) Дубаи го зафати бура со обилни дождови која ги поплави улиците и а...
Вирално видео: Змија ги исплаши патниците во авион во Тајланд, стјуард едвај успеа да ја фати Вистинска драма се случувала на летот од Бангкок до островот Пукет во Тајван, ко...
На 4 години го избркале од дома, 2 години живеел со улични кучиња – Неверојатна приказна на момче од... Момчето на 4 години било избркано од дома, а било спасено од улични кучиња кои м...
Маж осуден откако силувал девојка во воз, а никој од патниците не реагирал - Детали за случајот што ... Рајан Џонстон е осуден на 9 години затвор од страна на судот во Лондон, откако в...
Мали девојчиња користат продукти за убавина и против стареење – Нов луд тренд на ТикТок Дерматолозите се сериозно загрижени за децата кои користат производи за нега на ...
„Се разведов од сопругот откако остана во инвалидска количка – сега се грижам за него со новиот парт... Сопругот на жена од САД доживеал сообраќајка, а поради повредите, сега е во инва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg