Родители се обвинети за злоупотреба, откако 6-месечното бебе го ставиле да скија на вода
- Детали
- среда, 23 септември 2020
Видео на кое бебе старо 6 месеци и 4 дена скија на вода предизвика онлајн дебата и бес. Какви непромислени родители...
Во езеро во Јута поставен е нов светски рекорд за најмлада личност што скија на вода. Родители го снимале своето 6-месечно бебе како го практикува овој воден спорт.
Логично, тие се обвинети за злоупотреба затоа што го загрозиле своето дете со овој потег.
Видеото од нивниот син станало вирален хит и малиот Рич станал онлајн ѕвезда.
И додека некои им аплаудираа за рекордот, други ги критикуваа за потегот. Тие ја загрозија безбедноста и здравјето на нивниот син за да постигнат слава.
Фанови им коментираа дека зглобовите на нивниот син уште не се доволно развиени и дека овој стрес што му го приредија не е добар за неговото тело.
Инаку, парот на Инстаграм редовно прикачува фотографии од своите авантури во природа, но овојпат ги преминаа сите граници.
С. С. | Црнобело