Мажот ѝ ги отсече рацете поради наводна афера: Како изгледа животот на Маргарита сега, низ фотки
- Детали
- вторник, 15 септември 2020
Кога сакала да се разведе од сопругот со кого имала две деца, тој ја одвел во шума во близина на Москва и ја измачувал... Сега тој отслужува 14-годишна затворска казна, а таа пронајде нова љубов.
Во декември 2017 година љубоморниот сопруг Димитри Грачев, кој тогаш имал 26 години, ја однел во шума во близина на Москва својата тогаш 25-годишна сопруга Маргарита Грачева и ѝ ги пресекол рацете со обвинение дека го изневерува, откако таа поднела барање за развод од него.
Ја врзал со јаже и ја присилил да клечи на коленици. Маргарита по настанот за медиумите изјави дека бил смирен додека замавнувал со секирата, а таа чувствувала неподнослива болка и се молела да се онесвести. Кога ја подигнал секирата таа ги затворила очите затоа што не сакала да го гледа хоророт.
Парот имал две мали деца.
По грозоморниот чин Димитри ја однел Маргарита во болница, а тој се пријавил во полиција.
Докторите едвај успеале да ѝ ја спасат едната рака, а со собирање на донации ѝ била вградена бионичка рака на другата.
Во 2018-та година Димитри бил осуден на 14 години затвор и му биле одземени родителските права врз нивните две мали деца.
Потоа, силната Маргарита продолжи со животот и пронајде љубов повторно. Во 2019 година стапила во брак, но пред јавноста откри дури неодамна, односно на 6-ти септември на нивната прва годишнина, кога ѝ сакале да направат свадбена церемонија, но била откажана поради короната.
Маргарита дека живее во Санкт Петербург со новиот сопруг и дечињата.
Видео од новиот партнер на оваа храбра жена која и покрај грозоморниот настан ја задржала позитивноста и љубовта кон животот: