„Масакрот на градината со рози“ - Меланија Трамп критикувана за уредувањето на дворот на Белата куќа
- Детали
- вторник, 25 август 2020
Градината во дворот на Белата куќа стана препознатлива исто колку и градбата што ја краси. Овде имаше магнолии, црешови дрвја, лалиња, рози и бројни други живописни цветови, но изгледа на Меланија Трамп не ѝ се допаѓале.
Во саботата, првата дама на САД се пофали за промената што ја направила во градината, но јавноста не е воопшто воодушевена. Всушност, „проектот“ на Меланија веќе се нарекува „масакрот на градината со рози“, а јавноста го споредува крајниот резултат со празен паркинг, па дури и гробишта.
Познатата градина „оживеа“ во 1961-ва, благодарение на претседателот Кенеди и неговата сопруга Џеки. Тие ја добиле инспирацијата во Франција, од градинарката Рејчел Ламберт Мелон, и ја поканиле таа да ја уреди градината и во дворот на Белата куќа.
Сега, Меланија ги исекла црешовите дрвја и ги отстранила речиси сите шарени цветови, па не е ни чудно што ја разгневи јавноста.
Excited to honor history & celebrate the future in our beautiful @WhiteHouse Rose Garden this evening. Thank you to all who helped renew this iconic & truly gorgeous space. pic.twitter.com/ggiqLkdGbw
-->-->— Melania Trump 45 Archived (@FLOTUS45) August 22, 2020
Покрај уништувањето на оригиналниот изглед, јавноста е гневна и што Меланија трошела пари за градината среде пандемија, кога милиони луѓе во САД останале без работа.
Меланија, пак, вели дека дел од промените биле направени за да се подобри пристапот до градината:
„Оваа обнова вклучуваше подобрување на инфраструктурата, овозможувајќи ѝ на градината да ги исполни потребите на зафатената Бела куќа. Овие подобрувања ќе ја направат градината подостапна за сите Американци, вклучувајќи ги и оние со попречености“.
Без разлика која е причината на Меланија за „сквернавењето“ на градината, јавноста останува незадоволна.
Дали и вам не ви се допаѓа оваа промена, или сте на страната на Меланија?
Фотки од градината пред промените на Меланија:
Спирова С. | Црнобело