Милионер го запросил бившиот на ќерка си во Хрватска и со него очекува дете преку сурогат мајка (фото+видео)
- Детали
- вторник, 25 август 2020
На јахта на хрватскиот остров Хвар британски милионер го запросил 25 години помладото момче, кое претходно било во врска со ќерка му.
Од светот постојано пристигнуваат скандалозни приказни, а дефинитивно таква е и оваа за милионер од Велика Британија.
Бари Друит Барлоу (50) е свршен со својот 25-годишен асистент бисексуалец Скот Хачинсон, кој претходно се состанувал со неговата 20-годишна ќерка Шафрон неколку месеци.
Бари и Скот очекуваат бебе заедно во октомври, со помош на сурогат мајка.
Милионерот со видео откри дека го запросил Скот на романтичен начин на неговата јахта со свеќи и ружи, додека биле на одмор заедно со неговата ќерка. Имало и огромен дијамантски прстен и шампањ.
Запросувањето се случило на хрватскиот остров Хвар.
Инаку, Бари станал хит во Велика Британија во 1999 година затоа што со својот тогашен партнер Тони биле првиот истополов пар во кој формално биле регистрирани како родители. Тие со сурогат мајка ги добиле близначките Аспен и Шафрон. Тони и Бари биле во врска и брак вкупно 32 години, а сега Бари ќе биде кум на бебето на Тони.
Видео од запросувањето:
https://www.instagram.com/p/CEHCz2oFl0X/
Фотки од одморот на Хвар на ова нетипично семејство:
https://www.instagram.com/p/CEHAzBGF8X8/
https://www.instagram.com/p/CEFLnWpla9-/
https://www.instagram.com/p/CEPlTzlFiB0/
https://www.instagram.com/p/CEEAUWWFs1A/
https://www.instagram.com/p/CD_4qp5FFcX/
https://www.instagram.com/p/CD_ol9ildfP/
С. С. | Црнобело