Жена била исфрлена од авион зошто не сакала да носи маска - патниците аплаудирале (видео)
- Детали
- петок, 24 јули 2020
Некултурна жена одбила да носи маска при авионски лет, па затоа добила добра лекција и од авионскиот екипаж и од другите патници.
Дали и вас ве нервираат луѓето кои упорно одбиваат да носат маски и со тоа го загрозуваат здравјето на сите? Глуви за препораките и своеглави, тие не си штетат само себеси, туку им штетат и на другите.
Една таква жена се нашла и на летот од Охајо до Северна Каролина со кој патувала и Џордан Слејд, која го снимила виралното видео.
Жената одбила да стави маска иако било дадено упатство дека сите патници мора да носат маски при целото патување. Наводно, имала здравствени проблеми и не можела да носи маска.
Сепак, тоа не било прифатено од страна на персоналот на авиокомпанијата AmericanAir и таа била исфрлена од авионот.
Џордан ја снимала лутата и револтирана жена додека си ги собира работите и го напушта авионот, а сите патници аплаудирале за потегот што некултурната жена била исфрлена.
Добра лекција, зарем не?
Видеото стана вирален хит:
Ole Karen refused to wear a mask on an @AmericanAir flight so she was KICKED OFF.
And then everyone clapped 😂😂😂😂😂😂😂😂😂😂😂👏🏻👏🏻👏🏻👏🏻👏🏻#KarensGoneWild #karen @davenewworld_2 pic.twitter.com/EJnt0xIl78-->— BookofJonah (@BookofJonah) July 20, 2020
С. С. | Црнобело