Животот се враќа во нормала - Европските држави по олабавувањето на рестриктивните мерки (фото)
Во Белгија веќе можете да видите ресторани полни со луѓе. Отворени се продавниците, хотелите, кафетериите, но мора да се почитуваат мерките за дистанцирање. Отворени се и границите, па во Белгија можат да влезат туристи од Европа.
Во Холандија разлабавувањето на рестриктивните мерки започна во мај. Кафетериите во Амстердам почнаа со работа, а како што ќе видите и самите, се почитуваат мерките за дистанцирање. Фризерите и козметичарите, пак, повеќе не мора да носат маски додека работат.
И во Полска разлабавувањето на мерките започна во мај. Фотографијата во продолжение е направена во јуни, откако се отворија и театрите.
Шведска се справуваше со вирусот на необичен начин – немаше карантин и повеќето бизниси продолжија со работа дури и во пикот. Поради овој пристап, државата беше многу критикувана, најмногу поради бројот на смртни случаи.
На 1-ви јули, Европската Унија ќе ги отвори границите за интернационално патување. Сепак, поради големиот број на новозаразени, жителите на САД, Русија и Бразил можно е да имаат забрана за влез.
Спирова С. | Црнобело