Животот се враќа во нормала - Европските држави по олабавувањето на рестриктивните мерки (фото)
- Детали
- петок, 26 јуни 2020
Пред три месеци, Европа беше епицентарот на пандемијата со корона вирусот, а Италија и Шпанија беа помеѓу најпогодените.
Повеќето европски држави успеаја колку-толку да ја стават пандемијата под контрола, па почнаа со постепено разлабавување на рестриктивните мерки.
Низ целиот континент се отворени рестораните, продавниците и плажите, а многу држави почнаа да ги отвораат и нивните граници.
Во продолжение погледнете како изгледа животот во Европа овие денови:
Италија, една од најпогодените држави, почна со разлабавување на мерките во средината на мај. До крајот на мај и почетокот на јуни беа отворени и плажите, продавниците, рестораните и црквите, но со посебни мерки за дистанцирање.
Сепак хотелиерите и туристичките агенции се загрижени дека летово ќе биде проблематично поради намалениот број на туристи. На оваа фотографија се гледаат туристичките работници кои протестираат за поголема помош од владата.
Шпанија е држава со најмногу смртни случаи во Европа. Овде, разлабавувањето на мерките почна во април, а на фотографијата можете да видите како изгледа една плажа во Барселона.
Луѓето можат да излегуваат, но сè уште треба да внимаваат на дистанцирањето. На фотографијата се гледа детско игралиште во Мадрид, кое беше празно речиси 100 дена.
На 21-ви јуни се отворија и аеродромите, па сега Шпанците можат да патуваат низ Европа.