Несекојдневна глетка: Силно невреме и торнадо над вода во Истанбул (видео)
- Детали
- среда, 24 јуни 2020
Големо невреме со силен ветер и обилни врнежи од дожд го погоди Истанбул на 23 јуни, по што се создаде и торнадо над вода, а голем дел од улиците беа поплавени.
Иако и претходно се случувала ваква појава, сепак глетката во торнадо над вода не е секојдневна за Турција, а за жал во невремето има и еден изгубен живот.
Градоначалникот соопштил дека едно лице од Сирија, маж на околу 30-годишна возраст, го загубил животот во тешкото невреме, а неколку луѓе биле однесени во локалните болници, но се во добра состојба.
Торнадото се создало кај Езерото Büyükçekmece во областа Çatalca, а глетката дефинитивно е застрашувачка и неочекувана. На повеќе места низ градот имало и поплави, а силниот ветер срушил и покриви од куќи.
На социјалните мрежи се раширија видеа од луѓе кои го „уловиле“ овој момент и силното невреме:
https://www.youtube.com/watch?v=4dH6QAVrtIw
hortumİstanbul Çatalca hortum. Kaynak: Eyüp Can Kızılkaya / Twitter
-->Posted by Tuncay Özkan on Tuesday, June 23, 2020
https://www.instagram.com/p/CBz43VNqiFa/