Мариан Салцман од Филип Морис Интернешнал: „Наоѓаме иновативни начини да комуницираме, виртуелното сега е од витално значење“

Мариан Салцман, постар потпретседател на одделот за глобална комуникација во Филип Морис Интернешнал, е една од најпознатите и најнаградуваните жени-директори во светот на односите со јавност.

marian-salvman-od-filip-moris-international-naogjame-inovativni-nachini-da-komunicirame-011.jpg

Таа е автор и коавтор на вкупно 16 книги, а воедно и прогласена е за еден од петте најдобри предвидувачи на трендови во светот. Како нејзин најзначаен придонес се смета популаризирањето на терминот “метросексуалец“ во маркетиншки цели. Нејзиното богато работно искуство во бројни меѓународни компании ја прави одличен соговорник на темата новото нормално – корпоративниот свет и промените во истиот.

П: Живот пред и по пандемијата и нова нормална комуникација. Што мислите, што е новото нормално кога зборуваме за комуникации воопшто?

МС: Старото нормално беше работниот ден да започнува кога што се буди и пазарот. А тоа беше некаде околу 8 до 9 часот наутро и завршуваше помеѓу 17 и 19 часот. Мислам дека најважната промена е тоа што сега имате 24 часа во работниот ден и останува на секого индивидуално како ќе управува со таа промена да ги исполни своите обврски како комуникатор. Можам да ви кажам за себе, кога живее во САД, секое утро станував во 2:30 часот и виртуелно бев на работа во Европа. Денот го завршував во 13:30 часот, ручав и потоа следуваше кратка дремка, па ги завршував другите работи во следните неколку часа. Исто така играв пинг-понг и гледав телевизија и ги правев сите оние работи што луѓето би ги правеле кога седат дома. Едноставно не ми се чинеше чудно затоа што мојот работен ден првенствено беше според средноевропско време, па затоа морав и јас да бидам на средноевропско време и тоа направи да се чувствувам навистина моќно. Одеднаш знаеш дека имаш 24 часа на располагање за работа. Но сепак, во секоја криза “се крие” и планот за иднината. Оваа пандемија не изненади сите. Сѐ повеќе расте чувството дека животот никогаш повеќе нема да биде ист - и дека имаме дури и помалку контрола над нашата иднина отколку што замислувавме. Но тоа е така, само ако така размислуваме. Ако наоѓаме иновативни начини да комуницираме, виртуелното сега е од витално значење. Кој би можел да претпостави дека социјалното растојание може да донесе толку социјално зближување? Сега се собираме (дигитално) за семејни прослави, cloud забави, дегустации на вино, паб квизови, iRacing и многу повеќе. Интернетот сега е наше работно место, училиште, личен терапевт или докторска ординација, верски објект, спас, забава, синџир на снабдување, се што ни треба е таму.

marian-salvman-od-filip-moris-international-naogjame-inovativni-nachini-da-komunicirame-01.jpg

П: За време на кризната состојба, сите вработени кои работат во канцелариите на ФМИ работеа од дома. Како влијаеше тоа врз деловните активности во ФМИ? Какво е искуството со работа од дома кај вработените?

МС: Во врска со работата од дома, само што направивме анкета минатата недела на стотина луѓе кои работат во одделот за глобална комуникација и 75% од нив рекоа дека не сакаат да се вратат на начинот на кој функционирале нештата порано. Околу половина од нив би работеле целосно од дома, а другата половина би сакале да одат во канцеларија, ако и кога ќе има потреба за тоа, да можат да ги видат своите пријатели, да се дружат, да присуствуваат на состаноци, но тие не сакаат да работат според часовникот на земјата каде што и со која што работат. Тие не сакаат да доаѓаат кога изгрева сонцето и да заминува кога заоѓа сонцето, тие не сакаат да доаѓаат без потреба, па затоа ќе кажам дека ова е најголемото сознание.

Заштита и поддршка на вработените и клиентите, е основниот одговор. Како клиент, сакаме да знаеме дека нашите бренд партнери ги ставаат на прво место луѓето, спроведуваат мерки (пред владите да наложат) за да овозможат работа на далечина и да го поддржат социјалното односно физичкото дистанцирање. Сакаме да знаеме дека бизнисите прават се што можат за да ги заштитат работните места и платите за време и по кризата.

marian-salvman-od-filip-moris-international-naogjame-inovativni-nachini-da-komunicirame-02.jpg

Исто така, можам да зборувам со моето искуство од прва рака. ФМИ активно работи против оваа пандемија уште од нејзината појава, со иницијативи во повеќе од 60 земји во кои живеат и работат нашите вработени. Покрај иницијативи на Филип Морис Интернешнал во заедницата, компанијата има воспоставено низа принципи за да обезбеди сигурност во работата и безбедност на вработените.

П: Кои се најголемите грешки што сте ги забележале за време на кризата?

МС: Што направивме погрешно, многу е интересно. Не препознавме дека мајките и татковците работат и од дома, понекогаш на мали простори, понекогаш во присуство на децата кои инаку би биле на училиште, и можеби немаат доволно добар интернет за да ги поддржат сите компјутери кои се употребуваат истовремено. Исто така, не препознавме колку време овие родители поминуваат во дополнување на она што го предаваат наставниците онлајн, и мислам дека ако се вратиме на почетокот, би ги прашале луѓето во кое време планираат да работат, а потоа да се обидеме да ги поддржиме во тоа време и да не го наметнуваме традиционалниот распоред. Мислам дека имавме премногу состаноци, затоа што се сеќавам дека некои денови, особено кога бев во Европа, првиот состанок ми беше во 8 часот по средноевропско време, а последниот во 1 часот по полноќ, бидејќи работам со различни континенти. Затоа мислам дека се премногу состаноци, мислам дека луѓето треба да научат како да функционираат посамостојно и да ги користат состаноците за брзо запознавање на тековната ситуација.

marian-salvman-od-filip-moris-international-naogjame-inovativni-nachini-da-komunicirame-03.jpg

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg