„Минута во волшебната Будва низ очите на Славен Вилус“ - Реномираниот будвански фотограф и автор му подари промотивен спот на својот град
- Детали
- среда, 13 мај 2020
Почетокот на мај е секогаш резервиран за Абрум, кој го најавува карневалот, а со карневалот традиционално започнува и летната туристичка сезона. Оваа година малку доцниме.
„Да го зачуваме она што го имаме и сè останато ќе се надокнади со тек на време. Од таа причина, на мојот град му подарувам видео спот кој го снимив во последните 7 дена од април. Малку општествено корисна работа е секогаш добра за заедницата“, напиша на својот Facebook профил Славен Вилус, реномираниот црногорски фотограф и снимател, а во последната деценија и сопственик на порталот montenegro360.me, притоа објавувајќи го спотот „Будва 2020“.
Неверојатната природа на Будва во пролетта, но и спомениците на културата, археолошкото богатство, привлечните и досега откриени места, старите градски улици, домородните села, духовните храмови, недопрените песочни брегови и проѕирното азурно море - сите го најдоа своето „место“ во волшебните 60 секунди.
„Не можевме ни да замислиме подобар почеток на промотивната кампања. Многу сме благодарни и почестени од убавиот гест на господинот Славен Вилус, фотограф и снимател со кого имаме соработувано на многу претходни кампањи низ годините. Славен е веќе многу познат во Црна Гора и регионот по исклучителните фотографии и видео кадри, но во овој спот особено се чувствува дополнителната емоција и приврзаност до родниот крај, а тоа ја претставува Будва во најдобро светло. Ако го земеме предвид и фактот дека спотот беше сниман во текот на последните денови од април, кога природата на нашиот брег беше „недопрена“, веруваме дека уште долго нема да бидеме во можност одново да просведочиме толку убави кадри“, стои во соопштението од Туристичката организација на Општина Будва.
Промотивниот спот „Будва 2020“ веќе заживеа на социјалните мрежи, а Славен Вилус воедно е и автор на музиката во видеото.
Спотот можете да го погледнете во продолжение: