Пливањето во море е безбедно - проверени информации за почетокот на сезоната во Грција

Како што се стоплува времето, многумина почнуваат да ги мачат прашањата од типот – ќе можеме ли да одиме летово во Грција, навистина ли тестовите ќе бидат 200 евра по човек, што да прават оние со приколки?

provereni-informacii-za-pocetokot-na-sezonata-vo-grcija-01.jpg

За да не се шпекулира и понатаму, ова е краток список со проверени информации за почетокот на сезоната во Грција:

1. Грчката влада сè уште нема донесено одлука ниту официјално соопштение за почетокот на сезоната во земјата. Сите датуми се само претпоставка. Се очекува да бидат познати повеќе детали кон средината на месецов, но едно е сигурно – туристичката сезона ќе започне кога ќе бидат исполнети сите услови за безбедност за туристите и локалното население во Грција.

2. Договор во врска со отворање на границите на ниво на ЕУ сè уште не е постигнат. Се претпоставува дека грчките граници ќе бидат отворени на крај на мај, но ова ќе зависи од состојбата со пандемијата во соседните земји.

3. Дали ќе се воведе здравствен пасош за туристите – не е решено. Официјална информација за задолжително тестирање за вирусот при влез и излез од Грција исто така не постои.

provereni-informacii-za-pocetokot-na-sezonata-vo-grcija-02.jpg

4. За време на летната сезона, задолжителен карантин при влез во Грција нема да постои. Грција преговара и со земјите од кои има најголем број туристи, да не практикуваат карантин кога ќе се враќаат луѓето дома затоа што со ова патувањето би немало смисла.

5. Единствена мерка за плажите која за сега е позната, е тоа дека ќе треба да има поголемо растојание меѓу лежалките и да се прави дезинфекција. Носењето маски и ракавици нема да биде задолжително, ниту пожелно.

6. Капењето во море и базен со хлорирана вода е безбедно и не постои можност за ширење на заразата на овој начин – тврдат епидемиолозите, но секој би требало да одржува дистанца.

7. Ширењето на вирусот во Грција е за сега ефикасно намалено и Грција во моментов се смета помеѓу безбедните земји за патување.

Погледнете како изгледаа грчките плажи викендов.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
„На 15 години избегав од најозлогласениот култ – Нè камшикуваа и бев силувана“ „Морав да избегам пред да наполнам 16 бидејќи тогаш си присилена на секс, без ко...
Се дружи со познати личности, Рики Мартин му ги лајкува објавите - Кој е Диего Родригез, мажот со на... Одбил добро платена инженерска работа за да биде инфлуенсер. Со неверојатни сини...
Џулијан Асанж е слободен човек - По 12 години правна битка и 2 деца добиени во заробеништво „Џулијан Асанж е слободен човек“. Основачот на Викиликс по 12 години правна борб...
„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција? Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки ос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg