Строги мерки за хотелиерите: Грција ќе ги отвори границите на 1 јули?

Грчкиот премиер се надева дека во најдобар случај границите на земјата ќе бидат отворени на 1 јули. Министерството за наутика и островска политика објави план за работа на бродовите во Грција со постепено укинување на мерките против корона вирусот.

strogi-merki-za-hotelierite-grcija-ke-gi-otvori-granicite-na-prvi-juli-01.jpg

Она што е најважно за патниците, најголемиот број траекти ќе можат да пополнуваат само 50% од своите капацитети – внатре и на палубата. Тоа ќе биде максимален број патници кои ќе бидат дозволени.

Кога е во прашање авионскиот превоз, почнувајќи од локалните летови, седиштата ќе бидат означени со посебни ознаки каде смее, а каде не смее да се седи за да се задржи потребната оддалеченост.

Ќе бидат воведени и строги мерки за хотелиерите кои ќе бидат објавени наскоро.

Научниците советуваат земјата да биде поделена на три зони базирани на здравствената инфраструктура, капацитетите за сместување како и одредени промени кои ќе треба да ги имплементираат хотелиерите за да го спречат ширењето на вирусот.

Се даваат инструкции за дезинфекција, примери како би се служел појадок – исклучиво во надворешни услови и на делови со саатница.

Ќе бидат строги и условите за користење на базени, а клучна улога ќе игра и количината на хлор која ќе треба да се користи.

Сите детали би требало да бидат познати најдоцна до 15-ти мај.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милионер од Дубаи ги сподели правилата што неговата сопруга мора да ги почитува: „Не смее да готви и... „Да не сакаш и втора жена?“ – го прашуваат некои следбенички милионерот од Дубаи...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
10 најубавите припаднички на кралските семејства, според изборот на народот За многумина Кејт Мидлтон е најубавата жена во кралските семејства, но таа е на ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg