Италија по карантинот: Луѓето излегоа првпат по 2 месеца и повторно ги наполнија улиците (фото)
- Детали
- вторник, 05 мај 2020
По 2 месеци домашен карантин, Италијанците на 4-ти мај за првпат ги напуштија домовите, излегоа на прошетка, се видоа со блиските и ги наполнија плоштадите и парковите кои претходно беа пусти.
На 4-ти мај Италија ги попушти рестриктивните мерки, голем број компании почнаа со работа, рестораните се отворија, но работат само со испорака, јавниот превоз повторно проработе, а луѓето конечно излегоа од домовите.
Земјата беше прва најтешко погодена во Европа од корона вирусот и долго време беше затворена, но како што ситуацијата полека стивнува, време е животот да се врати во нормала, секако со претпазливост и почитување други мерки.
Потсетете се на Додека Италијанците се во карантин – лебеди и делфини уживаат низ каналите, патките ги полнат фонтаните во Рим (фото)
Сепак, училиштата, кината и голем број продавници остануваат затворени.
Луѓето треба да одржуваат дистанца и да носат маски, а поголемиот дел го почитуваат тоа, иако има и исклучоци.
Како изгледа Италија по 2 месеци карантин:
Кјара Ферањи со сопругот и синчето на прва прошетка во Милано
Венеција на 11 март vs. 4-ти мај


Плоштадот Св. Марко во Венеција повторно полн со луѓе со маски
Патниците во Милано чекаат превоз на растојание
И во возовите во Милано се одржува растојание помеѓу патниците
За првпат по два месеци луѓето ги видоа своите блиски и сакани
Во Рим луѓето повторно се вратија на рекреативни активности во парковите
А, одржуваат и социјална дистанца при дружењето во парковите во Рим
Градежните работници во Сицилија повторно се вратија на работа како многу други
Некои луѓе ги посетија и гробиштата по долг период - Џенова
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





