Били Ајлиш поткаст за Telecom Electronic Beats: „Го живеам најдобриот период од својот живот“

Ексклузивно интервју со Били, како се справува со социјалното дистанцирање и како одговорно ги користи социјалните мрежи.

bili-ajlish-potkast-za-telecom-electronic-beats-go-zhiveam-najdobriot-period-od-svojot-zhivot-01.jpg

Telekom Electronic Beats го објави поткастот со ексклузивното интервју со добитничката на пет Греми награди - Били Ајлиш. Во ова специјално интервју кое ја заокружува 50-тата епизода од серијата Telekom Electronic Beats, Били зборува за тоа како ужива во свое друштво, во моќта да се каже „не“ и во радоста да се чува питбул.

Зборувајќи за нејзините надежи и соништа за иднината, Били изјави:

„Го живеам најдобриот период од мојот живот и не сакам да пропуштам ниту еден дел од него“.

bili-ajlish-potkast-za-telecom-electronic-beats-go-zhiveam-najdobriot-period-od-svojot-zhivot-03.jpg

„Telekom Electronic Beats постои за да создаде значајни конекции преку музиката и ние сме горди што со помош на поврзаната технологија TEB сѐ уште може да ја исполни својата улога и да Ве спои со нештата што Ви значат. Целта на Дојче Телеком е да бидеме тука за Вас за да може Вие да бидете тука едни за други во овие тешки времиња“, изјави Ралф Лилсдорф, Маркетинг на меѓународна музика, Дојче Телеком.

На прашањето за нејзиниот став за важни прашања преку социјалните медиуми, Били Ајлиш даде коментар дека „Тоа е одговорност што секој од нас треба да ја сфати сериозно“.

Најновата епизода од серијата Telekom Electronic Beats е снимена од далечина, поради тоа што Европа и Калифорнија, родната земја на Ајлиш, се соочуваат со ограничувања наметнати со мерките за социјално дистанцирање.

bili-ajlish-potkast-za-telecom-electronic-beats-go-zhiveam-najdobriot-period-od-svojot-zhivot-02.jpg

Поткаст серијата вклучуваше разговори со различни нови и веќе познати уметници од целиот свет на електронската музика, вклучувајќи имиња како Диксон, Чили Гонзалес, Модеселектор, Инга Хумпе и Ричи Хотин.

„Толку многу нешта треба да се променат“, вели Ајлиш на прашањето за нејзиното мислење за светот денес.

Поткастот можете да го слушнете на:

Electronic Beats: www.electronicbeats.net/listen/

Apple подкасти: podcasts.apple.com/de/podcast/electronic-beats-podcast/id1359011924

Spotify: open.spotify.com/show/6lcKx2IcESBRkRrdoqNcMk?si=21dp9vlQQO-SetRW5MenTg

Soundcloud: soundcloud.com/electronicbeatspodcast

Mixcloud: www.mixcloud.com/electronicbeats/

Би можело да ве интересира:

Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс? Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Сонувала да се омажи за богат маж, но сама заработила милиони - Самохрана мајка од Гана е вистинска ... Одбила брак со милионер, останала сама со 2 деца и морала да се врати во родното...
Богата домаќинка мета на критики: „Љубовта е само за сиромашни, парите се поважни“ Изи Анаја, која е во брак со милијардер, честопати се соочува со критики поради ...
Емотивна исповед на мајка: „Како да им објаснам на децата дека немам пари за подароци како од Инстаг... „Работите што ги гледате на социјалните мрежи создаваат притисок врз луѓето и си...
Бурниот љубовен живот на Ивана, поранешната сопруга на Доналд Трамп: Брак за државјанство, 23 години... Доналд Трамп е само еден од четирите сопрузи на Ивана Трамп. Таа беше во брак со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg