Majка готви 80 оброци за луѓе од ранливите категории - 10 часа на ден е во кујна
- Детали
- вторник, 07 април 2020
Има 4 деца, но тоа не ја спречува во хуманата мисија – Софи дефинтивно е херој на денот.
Софи Меарс (33) минува 10 часа во кујна готвејќи храна за тие кои не можат да ги напуштат своите домови во време на пандемијата на корона.
Софи, која работела во училиште, кога започнала домашната изолација почнала да го прави ова хумано дело.
Нејзиниот партнер Гари ѝ помага во организацијата и распределбата на оброците, заедно со тим од 8 волонтери.
Луѓето од нејзиното соседство донираат пари и храна за да може таа да обезбеди намирници за оброците.
Софи има 4 деца, а успева да приготви по 80 оброци за луѓето од ранливи категории, па затоа ја прогласуваме за херој на денот.
С. С. | Црнобело