Срцето на нејзината ќерка го донирала на 15-годишно девојче – сега имаат пријателство за цел живот
- Детали
- понеделник, 23 март 2020
Животот на сега 16-годишната Бруклин бил спасен поради тоа што ѝ било донирано срце.
Ема Хамлин (40) трагично ја загубила својата 15-годишна ќерка Алидија, откако таа си го одзела животот во април минатата година.
Но, нејзиното срце било донирано и ѝ го спасило животот на Бруклин Конермен, која сега има 16 години, а била родена со ретко нарушување на срцето и левата страна од него воопшто не ѝ била развиена.
Мајката на Бруклин сакала да му се заблагодари на семејството на донорот што ја спасило нејзината ќерка, па така по трансплантацијата испратила писмо.
Неодамна семејствата се запознале, а Ема можела да го слушне срцебиењето на срцето на нејзината ќерка во градите на Бруклин.
Сега, тие имаат пријателство за цел живот.
Инаку, Алидија страдала од депресија, се борела со своите емоции иако земала терапија и нејзината мајка Ема вели дека зборовите не можат да опишат колку многу ѝ недостига секој ден.
Спасувањето на животот на Бруклин фрлило зрак светлина во нејзиниот мрачен живот.
С. С. | Црнобело