Oткажана и Евровизија 2020, што ќе се случува со песните и изведувачите?
- Детали
- среда, 18 март 2020
И официјално, стигна потврдата дека се откажува изборот за песна на Евровизија за 2020-та година во Ротердам. Деновиве се откажаа бројни настани низ целиот свет, но за Евровизија немаше никаква информација.
Денес, на официјалната страна на Евровизија, осамна соопштение со одлука дека оваа година, натпреварот за песна на Евровизија, за жал, нема да се одржи.
„Во текот на изминативе неколку недели баравме алтернативни опции за одржување на Евровизија. Сепак, неизвесноста која ја носи ширењето на COVID-19 низ цела Европа доведе до одлуката на Европската унија за радиодифузија (ЕБУ) дека настанот е невозможно да се одржи во живо.
Горди сме што Евровизија без прекин досега се одржува изминативе 64 години и навистина ни е жал што годинава ќе мора да ја прекинеме традицијата.
Ќе ги продолжиме преговорите за хостирање на Евровизија во Ротердам во 2021 година. Би ве замолиле да имате трпение и разбирање за време на оваа одлука и трпеливо да ги почекате сите други вести и одлуки кои ќе се донесат деновиве".
Дали истите изведувачи ќе можат да настапат и следната година и каква ќе биде организацијата, останува да се донесат одлуки во текот на следниве денови.
Е. П. | Црнобело