„Сите мислат дека сме сестри“ – Ќе погодите ли која е 40-годишната мајка, а која ќерката?
- Детали
- четврток, 05 март 2020
Соња е 40-годишна жена од Ирска која постојано ја прашуваат дали е сестра на нејзината ќерка Рене – вие би погодиле ли која е која?
Едната русокоса, другата црнокоса, двете изгледаат привлечно и атрактивно, со шармантна насмевка – но која е мајка, а која ќерка?
Русокосата Соња е мајка на 21-годишната Рене, а открива дека луѓето често мислат дека се сестри, бидејќи не само што личат така, туку и се однесуваат така, со голема блискост.
„Смешна им е реакцијата на луѓето кога ќе им кажеме дека сме мајка и ќерка.“ – открива Соња, која младоликоста ја поврзува со позитивното размислување, како и со тоа што работи со млади жени, па тоа ѝ помага да се одржува.
40-годишната мајка оди во теретана трипати неделно, секојдневно практикува јога и медитација за да остане фокусирана и приземна, а за лицето се грижи со квалитетни производи и редовно оди на третмани.
„Сепак, верувам дека младата и добра кожа е од добриот животен стил – балансирана исхрана и пиење многу вода. Како се облекувате е исто така многу важно. Рене секогаш ми помага и ми дава искрено мислење за моите парчиња облека. Плус, имам добри гени од мајка ми.“ – додава таа.
Рене пак, работи како шминкерка и ја шминкала нејзината мајка за свадбата, која се случила минатата година, а обожава што Соња е млада и сака да се дружи со неа.
Сепак, што се однесува до излегувањето навечер, Соња тоа ѝ го препушта на нејзината ќерка, бидејќи таа сака да си легнува рано, а оваа фаза ја поминала во 20-ите години.
М. М. | Црнобело