Значителен пад во продажбата на пивото Corona заради корона вирусот - нема ноќен живот и луѓето се плашат да не се заразат
- Детали
- петок, 28 февруари 2020
Anheuser-Busch InBev, пиварата која го произведува пивото Corona, изјави дека корона вирусот кај нив влијае со сериозно намалена продажба во одредени региони. Тие пријавија загуба од $170 милиони долари во профитoт.
Според Блумберг, вирусот е виновен за намалување на околу $170 милиони американски долари од заработката на Anheuser-Busch InBev во Кина за јануари и февруари, и $285 милиони американски долари од приходот.
Ова бележи најголем пад на кварталната добивка за компанијата - која исто така произведува и други пива вклучувајќи ги Будвајзер, Стела Артоис, Леф и Модело - за најмалку една деценија, при што Anheuser-Busch InBev предвидува дека заработката во првиот квартал ќе се намали за околу 10 проценти.
Од Белгиската групација велат: „Влијанието на појавата на вирусот врз нашиот бизнис продолжува да се развива. Избувнувањето доведе до значителен пад на побарувачката во Кина - побарувачката за време на кинеската Нова година беше пониска од претходните години бидејќи се совпадна со почетокот на оваа појава“.
„Има застој и во ноќниот живот - во многу области многу барови и ресторани беа принудени да се затворат“.
Минатиот месец „Гугл“ објави дека пребарувањата за „корона лагер“ се зголемиле за неверојатни 1.100 проценти, при што луѓето дури барале поими како „вирус на пиво“ и „вирус на корона пиво“, според „Метро“.
?s=20
Веројатно нема потреба да кажеме, но сепак: Не постои врска помеѓу пивото Корона и корона вирус.
Прочитајте повеќе за Корона вирусот низ бројки.
Е. П. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





