Корона вирус низ бројки - 80% од случаите не се критични и се лечат во домашни услови
- Детали
- среда, 26 февруари 2020
До денес, 26.02.2020, вкупно 81.133 луѓе се заразија со корона вирус. Од нив 30.192 успешно го победија вирусот, а борбата ја изгубија 2.765 луѓе.
Во моментов има 48.176 инфицирани пациенти од кои 8.850 се во сериозна или критична состојба.
Периодот на инкубација е од 2 до 14 дена.
Досега вирусот е раширен во 42 земји.
Првите симптоми се треска која е проследена со сува кашлица. По една седмица може да се појават и потешкотии во дишењето, а околу 20% од пациентите имаат потреба од хоспитализација.
80% од случаите не се критични и инфекцијата е слаба т.е. може да се лечат во домашни услови.
Речиси 14% се покажале како ризични бидејќи развиле пневмонија.
Околу 5% се критични и вклучувале: откажување на респираторниот систем и други органи.
Кај 2% од случаите вирусот досега беше фатален.
Ризикот за смртност се зголемува со возраста.
Високоризични пациенти се оние кои имаат:
1. Кардиоваскуларни болести
2. Дијабет
3. Хронични респираторни болести
4. Висок притисок
Постојан апдејт на сите статистики и информации во врска со коронавирусот може да следите тука.
Е. П. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





