„Закопани сме“ - Канада со најлоша снежна бура во изминативе 50 години (хумористични фотки)
- Детали
- вторник, 21 јануари 2020
Историската снежна бура што го погоди источниот брег на Канада се движи кон Гренланд, но ги остави Канаѓаните натрупани со снег.
Во петокот во Њуфаундленд и Лабрадор, за само 24 часа се направила снежна покривка од над 70 сантиметри. До недела веќе беше прогласена вонредна состојба, а напомош биле испратени и војници.
Како што изјави еден метеоролог, Канаѓаните долго време ќе зборуваат за оваа бура.
Ова е можеби најлошата бура во изминативе 50 години, а наводно, се очекуваат уште врнежи од снег.
„Цела недела знаевме дека доаѓа бурата, но не сфативме колкав ќе биде нејзиниот интензитет. Како што наближуваше денот, снегот и брзината на ветриштата продолжија да се зголемуваат. Во вторник веќе најавуваа 40 до 60 сантиметри снег, но во четвртокот навечер имаше над 90 сантиметри снег и ветришта со брзина од 150 километри на час“, изјави еден Канаѓанец.
Бидејќи повеќето биле заглавени во нивните домови, локалните жители решиле да го извлечат најдоброто од ситуацијата. Па, на интернет почнаа да се појавуваат фотографии кои ни овозможуваат да видиме каква е ситуацијата во Канада.
Во продолжение погледнете некои од најдобрите: