„94-годишната сосетка ме покани на пијачка и мезе“ – бабичката е легенда (видео)
- Детали
- вторник, 14 јануари 2020
Кога пријателките ќе ви кажат дека се стари за забава, потсетете ги на оваа 94-годишна баба, која ја поканила сосетката-студентка на пијачка и мезе.
Додека едни одлучуваат да „потонат“ во староста и монотонијата на секојдневието, некои луѓе сакаат да го живеат животот максимално.
Оваа 94-годишна жена стана вирален хит, благодарение на студентка која ја сподели на Твитер:
„Мојата 94-годишна сосетка ме покани на пијачка, па кога влегов кај неа имаше шише Baileys, две чаши, торта и чоколади за нас. Имавме супер муабет. Најголема легенда што сум ја запознала!“
My 94 year old next door neighbour just invited me to go over for a drink so I walked in and she had a bottle of Baileys, two glasses, cake and chocolates for us 😩💕 had the best crack and she’s absolutely steaming 😂 biggest legend I’ve ever met pic.twitter.com/DnmMIPxoaf
— emily (@Morton_Emily) January 10, 2020
Оваа кул бабичка, на Твитер исто така беше пофалена дека одлично плете, а ова го направила за нејзиното куче:
May I add she knits too.. often while drinking baileys 😂 she knitted this for her ‘grandog’ for Christmas 💖 pic.twitter.com/ZEkGfowOVu
— ALICE (@mr_dinosourx) January 11, 2020
Посакувате ли и вие да имате ваква сосетка? Или можеби да станете како неа и да уживате во животот и на 94?
M. M. | Црнобело