9 неверојатни жени кои во 2019-та срушија светски рекорди
Карен Уленбек
Карен е професорка на Универзитетот во Тексас, а во март доби награда што многумина ја нарекуваат Нобелова за математичари.
Карен е првата жена што ја доби наградата Абел, за нејзините истражувања кои ја променија математиката, но и за нејзиното залагање за правата на жените во светот на математиката и науката.
Лејди Гага
На листава се најде и позната личност. Годинава, Гага стана првата жена (и втората личност во историјата) која добила Оскар, Бафта, Златен глобус и Греми во една година.
Сите награди се благодарение на филмот „A Star is Born“ и нумерата „Shallow“.
Истовремено, Гага е првата личност која има номинација за Оскар за најдобра актерка и најдобра оригинална песна на едно доделување на наградите.
Јасмин Парис
Британската трка Spine Race неретко е нарекувана и најбруталната трка на светот. Но, ова не ја спречи Јасмин да стане првата жена што ја победила, но и личноста што ја завршила трката најбрзо досега.
Јасмин ја заврши трката за 83 часа и 12 минути.
Хана Бичлер
Оскарите од 2019-та им помогнаа на неколку жени да срушат рекорди. Хана стана првата личност со темна кожа која доби Оскар за продукциски дизајн, за филмот „Black Panther“.
Истовремено, таа е и првата личност со афроамериканско потекло која била номинирана за наградата.
Јин Јанг Ко
Голферката од Јужна Кореја го надмина и Тајгер Вудс. Во 2019-та, таа погоди 114 дупки една по друга, без да направи грешка. Рекордот на Тајгер беше „само“ 110 дупки.
Спирова С. | Црнобело