9 неверојатни жени кои во 2019-та срушија светски рекорди
- Детали
- вторник, 31 декември 2019
2019-та беше година на многу нешта, а голем удел во ова имаат неверојатните жени кои соборија неколку светски рекорди.
Од астронаути и гимнастичарки, па сè до дизајнерки и математичарки, овие жени дефинитивно заслужуваат да се најдат во книгите по историја.
Веројатно повеќето од нив нема да ги препознаете, но светот треба да слушне за нив.
Оваа година се покажа дека жените навистина се издигнуваат, а следниве рекордерки имаат голема заслуга за тоа:
Кристина Кох
Кристина Кох е астронаут од САД и годинава го собори женскиот рекорд за најдолг престој во вселената. Кристина беше во вселената 289 дена и ѝ го „зеде“ првото место на Пеги Витсон, која имаше престој од 288 дена.
Покрај ова, Кристина беше дел и од првата вселенска прошетка во која учествуваа само жени.
Таа сè уште е во вселената, а се очекува да се врати на Земјата во февруари 2020-та.
Бригид Косгеи
25-годишната Бригид од Кенија, во октомври го собори рекордот кој не беше срушен цели 16 години.
Таа го истрча маратонот во Чикаго за 2 часа и 14 минути, победувајќи ја Пола Редклиф, која го заврши маратонот за 2 часа и 25 минути.
Како ова да не е доволно, Бригид стана и најмладиот победник на Лондонската трка.
Симон Бајлс
22-годишната гимнастичарка го сруши рекордот на Светското првенство за гимнастика, каде што го освои нејзиниот 25-ти медал.
Од овие 25, пак, дури 19 медали се златни.
Рут Е. Картер
На доделувањето на Оскарите во 2019-та, Рут стана првата личност со афроамериканско потекло која доби награда за костимографија.
Годинава Рут беше номинирана трет пат – прв пат доби номинација во 1993-та за „Malcolm X“, а во 1997-ма доби номинација за филмот „Amistad“.