8-годишно дете од САД заработи 26 милиони долари на YouTube во 2019 година
- Детали
- петок, 20 декември 2019
Повеќето осумгодишници уживаат играјќи си со играчки, но еден осумгодишник од САД направи бизнис од тоа и успеа да заработи 26 милиони долари оваа година, што е за 4 милиони повеќе од лани.
Според податоците од Форбс, Рајан Каџи е најскапо платениот јутубер за 2019 година, благодарејќи на неговиот YouTube канал фокусиран на играчки, којшто го направил заедно со родителите пред 4 години.
Каналот започна со фокус на коментирање на играчки, за подоцна да се прошири на наука, експерименти, предизвици, скечеви и музички спотови. Рајан во моментов има преку 23 милиони следбеници на неговиот канал Ryan’s World на YouTube.
Неговите видеа редовно надминуваат неколку милиони прегледи, а вкупно биле прегледани повеќе од 34 милијарди пати. Да, милијарди. Каналот на Рајан има нови видеа речиси секојдневно, а повеќето се со траење од 5 до 10 минути.
Се разбира, заработката на Рајан не е целосно од YouTube, но е со директна заслуга на неговата слава таму. Па така дел од 26-те милиони долари се од брендирани играчки, облека и останати работи што ги продава на Amazon, или други продавници како Target или Wallmart.
(О)Милена | Црнобело