11 лажни фотографии што го измамија целиот свет
- Детали
- среда, 13 ноември 2019
Секој ден на интернет се споделуваат милиони вести, а секој може да сподели што сака. Ова значи дека интернетот е место со безброј лажни информации.
Нешто што има во изобилие онлајн, се дефинитивно лажните фотографии. Понекогаш, пак, фотографиите не се лажни, но приказната зад нив не е воопшто тоа што сте го прочитале.
Овие 11 фотографии успеаја да го измамат целиот свет, пред да се открие дека и тие спаѓаат во категоријата „лажни“:
Што се случило со дождовната шума?
Овој колаж се прослави за време на предизвикот #10YearsCHallenge. Фотографијата прв пат беше објавена на Reddit, со објаснување дека „речиси секоја година губиме околу 15.000 километри квадратни шума, поради сечењето на дрвата“.
Иако фотографијата навистина изгледа автентично, ова воопшто не е колаж од фотографии од 2009 и 2019 година.
Оригиналот е една фотографија направена во Малезија, каде што дождовната шума беше преместена за да се ослободи територија за палми.
Момче што прави ориз
Повеќето што ја видоа фотографијата помислија дека ова момче е вистински експерт во кујна. Но оризот од фотографијата е всушност скулптура, од продавница за лажна храна во Токио.
Графит што се гледа само во вода
Оваа фотографија се прослави веднаш штом се појави на интернет. Но, и овој пат станува збор за измама.
Графитот навистина постои, исто како и езерцето. Графитот е дело на уличниот уметник Реј Барктус, но за навистина да го видите, водата треба да биде многу мирна.
Во реалноста, местото изгледа вака:
Рис и срнче се кријат од пожарот во Калифорнија во канцеларија
Оваа фотографија не е лажна, но секогаш кога има пожар во САД, таа се споделува со различен опис.
Фотографијата е направена во Калифорнија, а животинчињата биле најдени во близина на ранчот на Арнолд Шварценегер. Бидејќи во тој момент немале кафези, животните биле привремено сместени во канцеларија.
Нова година во Париз
За оваа спектакуларна фотографија се веруваше дека го прикажува дочекот на Нова година во Париз. Но за време на овој дочек, огнометите биле лансирани од кулата. Покрај тоа, и жителите на Париз потврдија дека фотографијата е лажна.