Уништени станови, скриена камера – Најлошите искуства со Airbnb на гости и сопственици
- Детали
- петок, 25 октомври 2019
Иако Airbnb за многумина е спас кога станува збор за патување и сместување, сепак има и такви кои се соочиле со хорор приказни и веројатно никогаш повеќе не би ризикувале.
Најчесто сите имаат позитивни искуства од Airbnb и максимално ги користат предностите на платформата – пристојни и луксузни сместувања за различни цени и за сечиј џеб.
Но, покрај нив има и такви кои доживеале ужасни искуства и веројатно не би се осудиле повторно да резервираат.
Сепак, иако има незадоволни гости, има и сопственици на станови и соби кои се соочиле со ужасни гости, заради што веројатно нема повторно да го изнајмат станот на секого.
Секако, овие лоши искуства не треба да ве спречат да резервирате сместувања преку Airbnb, туку да ве потсетат дека треба да бидете внимателни при букирањето.
Погледнете дел од најужасните искуства на Airbnb:
Семејство со две деца се вратиле дома откако го изнајмиле станот на Airbnb на група од 4 луѓе кои требало да бидат таму заради свадба, но ги дочекало изненадување.
Соседите им кажале на сопствениците дека имало автобус кој оставил околу 100 луѓе во нивниот дом и дека 7 пати доаѓала полиција заради нарушување на мирот. Тоалетните школки биле затнати од кондоми, ѕидовите биле извалкани, мебелот уништен, а насекаде имало скршени шишиња алкохол.
Две сестри изнајмувале празна соба во нивниот стан на Airbnb кога едната се соочила со хорор. Собата ја изнајмил дечко, кој по одреден период си ја покажал другата страна.
Таа се вратила дома и видела дека тој земал клуч за нејзината спална, ги фрлил сите слики од неа со мажи и го отворал нејзиниот гардеробер. Таа го избркала, а тој ѝ барал да му ги врати парите, за подоцна девојката да сфати дека украл и 500 долари од неа.
Подоцна почнал да ѝ пишува вознемирувачки пораки да го прими дома, бидејќи нема каде да оди, да се ожени за него и слично, а таа се обратила на полицијата. По неколку обиди, тие ја сфатиле сериозно и дури го фатиле како оди кон нејзиниот стан со пиштоли.
Сместување на Флорида имало 40 позитивни критики, но кога еден пар од Индијана се сместил таму, сфатиле дека сопственикот е малку морничав. Тие забележале црна точка до апаратот против пожар во спалната и сфатиле дека е камера, а потоа нашле уште една во дневната соба.
Една жена ја изнајмувала својата соба, во која престојувал гостин како од кошмар. Таа објавила фотки од собата која не ѝ се верувало дека некој така може да ја напушти. Искористен пешкир фрлен врз бебешко столче, ѓубре насекаде и расфрлани хартии и облека. Внимавајте на кого го изнајмувате домот...
Едно семејство било сместено во Airbnb стан во Сиднеј и уживале во престојот додека не им дошла полиција на врата. Тие биле уапсени бидејќи одгледувале марихуана во станот, која секако не била нивна, туку на домаќинот, кој го користел станот за две работи – изнајмување и растење марихуана. Семејството било ослободено и го продолжиле одморот во хотел.
Некои домаќини очигледно немаат срам како ќе го издадат станот и мислат дека можат да ги покријат недостатоците. Гости во Airbnb стан го тргнале чаршафот и виделе дека на душекот има огромна дамка, која прво личела на вино, но тие се сомневаат дека може да е крв. Чист чаршаф не е доволно да го покрие валканиот душек...
М. М. | Црнобело