Аеродроми кои носат имиња на градови, а се оддалечени од нив стотици километри
- Детали
- недела, 06 октомври 2019
Колку пати сте се нашле на аеродром именуван по некој град, а всушност се наоѓа на стотици километри оддалеченост од истоимениот град?
Во Европа постојат неколку такви аеродроми кои се именувани по некој град, а истите не се наоѓаат во непосредна близина на градот како што многумина очекуваат.
Тие се најчесто споредни аеродроми, на кои слетуваат летови од нискобуџетни компании, но зависно од делот во кој сакате да стигнете, некогаш можеби и ќе ви одговара.
Сепак, тоа може значи дека дополнително треба да најдете превоз за да стигнете до градот, па имајте го тоа предвид доколку патувате во овие градови и слетувате на некои од следниве аеродроми.
Stockholm Västerås Airport – 100 km оддалеченост од Стокхолм
Oslo-Torp Airport – 106 km оддалеченост од Осло
Memmingen (Munich West) – 112 km оддалеченост од Минхен
London Ashford Airport – 117 km оддалеченост од Лондон
Frankfurt-Hahn Airport – 117 km оддалеченост од Франкфурт
Paris-Vatry Airport – 157 km оддалеченост од Париз
М. М. | Црнобело