Авиокомпанија смисли алатка која ќе ви помогне ако не сакате да седите до бебе кое плаче

Замислете си да треба да летате неколку часови, а до вас да има мало дете кое не престанува да плаче. Сигурно нема воопшто да уживате во и онака напорното летање.

japonska-aviokompanija-smislila-alatka-so-koja-kje-gi-izbegnete-glasnite-bebinja-vo-avion-01.jpg

Но, една јапонска авиокомпанија нашла начин да се избегне овој проблем. Распоредот на седење во авионите на Japan Airlines покажува и каде се сместени децата помали од две години.

На веб-сајтот на авиокомпанијата, седиштата на патници со деца се означени со симбол со дете.

Според тоа, останатите патници можат да одберат каде ќе седат.

japonska-aviokompanija-smislila-alatka-so-koja-kje-gi-izbegnete-glasnite-bebinja-vo-avion-03.jpg

Овој потег треба да им биде од корист на сите – ќе им помогне на луѓето кои не сакаат врева да најдат подобро седиште, а родителите со мали деца ќе бидат поштедени од гневните погледи на патниците.

Засега е познато дека барем уште една јапонска компанија почнала да го користи овој систем.

Иако за некои звучи одлично, оваа промена била прифатена со измешани критики.

„Ви благодарам што ме предупредувате каде ќе има гласни бебиња за време на 13-часовен лет. Ова треба да биде задолжително. Пред две недели, до мене имаше 3 расплакани бебиња во авион“, споделил еден задоволен патник.

japonska-aviokompanija-smislila-alatka-so-koja-kje-gi-izbegnete-glasnite-bebinja-vo-avion-02.jpg

Сепак, се огласиле и луѓе на кои не им е јасна потребата од нешто вакво.

„Сите сме биле мали! Оние луѓе кои не можат да поднесат да седат до мали деца треба да се обидат да бидат сочувствителни и да сфатат дека во светот постојат полоши нешта од седење до бебе што плаче.“

Дали вам ви се допаѓа оваа идеја, или сепак сметате дека некои луѓе претеруваат?

Извор

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео) Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапони...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg