Низок удар: Грета Тунберг го промени Twitter описот, по саркастичниот статус на Доналд Трамп
- Детали
- среда, 25 септември 2019
Ова е навистина голема недела за 16-годишната Грета, која го водеше протестот за климатските промени во Њујорк, одржа говор пред светските лидери и на Трамп му упати поглед што ќе се памети уште долго.
Оваа млада активистка покажа дека не се плаши од оние кои се против неа, па дури и ако тоа е претседателот на САД.
Целата приказна започна со говорот на Грета во понеделник, во кој им одржа лекција на светските лидери за климатските промени.
Иако многумина ја поддржуваат Грета и нејзината смелост, голем број луѓе ја критикуваат и исмејуваат. Изгледа дека помеѓу нив е и претседателот на САД, Доналд Трамп.
Откако го ислуша говорот на Грета, Трамп го сподели своето мислење на Twitter, а сарказмот е повеќе од очигледен.
„Taa изгледа како среќна млада девојка која се надева на светла и прекрасна иднина. Прекрасно е да се види ова!“
She seems like a very happy young girl looking forward to a bright and wonderful future. So nice to see! https://t.co/1tQG6QcVKO
-->— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 24, 2019
Трамп веќе некое време изјавува дека е скептичен во врска со науката зад глобалното затоплување. Токму поради ова, многу луѓе не веруваат дека Трамп искрено ѝ дал поддршка на Грета.
После Twitter објавата на Трамп, многу луѓе, вклучувајќи и славни, застанаа во одбрана на Грета.
„Изгледаш како очаен стар маж на кој му е страв да преземе одговорност за своите постапки и кој е сигурен дека историјата ќе го оцени твојот мандат како најлошиот во историјата на државата. Задоволувачки е да се види ова!“, напишал Марк Хамил на својот Twitter профил.
You seem like a desperate old man terrified of being held accountable for your actions and certain that history will judge your "presidency" as the worst in our nation's history. So satisfying to see! https://t.co/MEhP5VJo3M
— Mark Hamill (@MarkHamill) September 24, 2019
https://twitter.com/MiaFarrow/status/1176490298110808066?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.buzzfeednews.com%2Farticle%2Fclarissajanlim%2Fgreta-thunberg-twitter-bio-trump
@realDonaldTrump It’s lovely and inspiring to see a brilliant, passionate 16 year old young woman speak more coherently and intelligently than the current American president.
— Lee T. (@69destinychoice) September 24, 2019
Но, изгледа дека на Грета не ѝ е потребен никој да ја одбрани. Таа можеби не одговори директно на објавата на Трамп, но направи нешто навистина интересно.
Во вторникот, Грета направи вистинска бура на Twitter, откако во биографијата на нејзиниот профил напиша „Многу среќна млада девојка која се надева на светла и прекрасна иднина.“
https://twitter.com/CP_stylebook/status/1176517787721838599?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.buzzfeednews.com%2Farticle%2Fclarissajanlim%2Fgreta-thunberg-twitter-bio-trump
I can’t decide if Greta Thunberg’s new Twitter bio is utter class or the ultimate troll pic.twitter.com/XKojHWiTP6
— Katie Anderson (@AndeKat101) September 24, 2019
News: @GretaThunberg has slapped Trump with an epic bio update. pic.twitter.com/Qq0PwKV8ZD
— Adam Parkhomenko (@AdamParkhomenko) September 24, 2019
Ова е потег што ги воодушеви сите што ја поддржуваат.
Засега, Грета е навистина смирена, и покрај нападите и критиките, и тоа од луѓе кои се неколку децении постари од неа.
Спирова С. | Црнобело