Маж тајно се сликал со веренички прстен во рака додека го чекал вистинскиот момент за запросување
- Детали
- вторник, 03 септември 2019
Ова е љубовна приказна што сигурно ќе се раскажува со генерации. Еди Окоро сфатил дека неговата девојка Кели Рид е совршена за него, па купил веренички прстен и го чекал совршениот момент за запросување. Но додека чекал, решил и малку да се забавува.
Еди сакал да виде колку долго може тајно да ја фотографира неговата девојка со прстенот без таа да забележи.
Тој го чекал совршениот момент речиси цел месец и еднаш додека го гледал прстенот Кели за малку ќе го фатела. Тогаш сфатил дека требало да ги документира тие моменти, па така почнала „фотосесијата“.
„Идејата беше да направам што е можно повеќе фотографии во што поопасни моменти, сè додека не го начекам совршениот момент за запросување.“
Кога дошол вистинскиот момент, Кели рекла „Да“.
Погледнете дел од интересните фотографии што ги направил Еди.