Не им верувајте на совршените облаци – Блогерка го фотошопира истото небо на сите фотки

Тупи Саравија е блогерка од Буенос Аирес која има над 280.000 следбеници на Instagram. Неодамна следбениците забележале дека на секоја нејзина фотографија ги има истите облаци, по што таа признала дека користи апликација за уредување.

isti-oblaci-na-sekoja-fotka-blogerka-kritikuvana-otkako-bila-otkriena-deka-objavuva-lazhni-fotki-01.jpg

Тупи изјавила дека користи апликација за уредување фотографии за да го подобри изгледот на облаците кога не можела да ги долови со камерата.

https://www.instagram.com/p/B1W82i9Fkfa/

Нејзиниот профил стана мета на многу шеги и шпекулации откако на интернет се појави „скриншот“ од нејзините објави.

https://twitter.com/MattNavarra/status/1166746075857862656/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.buzzfeednews.com%2Farticle%2Ftanyachen%2Ftravel-influencer-admitting-to-photoshopping-clouds-in

„Не ми се верува колку далеку отиде ова. Користев апликација наречена Quickshot за да ја подобрам композицијата на фотографијата кога небото не излегуваше убаво“, изјавила таа откако добила низа критики.

Апликацијата што ја користи Тупи е бесплатна и има алатка наречена Sky Control со чија помош се додаваат облаци на фотографиите. 

Тупи ги користи истите облаци за секоја фотографија, и покрај тоа што има неколку различни опции. Причината било тоа што едноставно ѝ се допаѓале токму тие облаци.

Истовремено, Тупи додала дека уредувањето на фотографиите не е нешто што се обидува да го скрие.

„Следбениците отсекогаш биле свесни за ова бидејќи никогаш не го кријам. Секогаш кажувам кои апликации ги користам. Всушност, јас сум првата што ја кажа шегата дека облаците ме следат ширум целиот свет.“

https://www.instagram.com/p/B1UT2UNFwWH/

Додека на некои ова им е забавно и смешно, постојат и оние кои биле навистина разочарани од вистинската реалност.

„Зошто завршивме овде со социјалните мрежи? Да ги лажираме сите фотографии? Како фотограф, не можам да го поднесам ова.“

„Ова навистина ме разочарува. Постојат многу луѓе што го сакаат она што го има таа – измислена онлајн реалност.“

На Тупи, пак, воопшто не ѝ биле јасни негативните коментари.

„Не сфаќам што е проблемот овде, никогаш не лажев за тоа. Не направив ништо погрешно и намерата никогаш не ми била лоша.“

https://www.instagram.com/p/Buuc2vTH2cX/

Што мислите вие? Дали Тупи навистина ги заслужила негативните коментари или едноставно треба да го прифатиме фактот дека на социјалните мрежи речиси ништо не е реално?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg