Кои се најдобрите градови за велосипедисти во 2019-та?
- Детали
- среда, 21 август 2019
Замислете дека лесно можете да патувате секојдневно со велосипед, вклучувајќи го патувањето од дома до работа и од град до град. Во одредени градови, ова е можно заради одличната инфраструктура и здравите навики.
На секои две години излегува листа на градови кои се најдобри за велосипедистите наречени „Copenhagenize Index“. Градовите се рангирани врз основа на претходно утврдени параметри, како што се инфраструктура, безбедност при возење и друго.
Оваа година, на списокот на најдобри градови за велосипедисти, на прво место се наоѓа Копенхаген. Во овој гради дури 62% жители одат на работа со велосипед.
Многу мостови и обележани патеки го олеснуваат ова патување, а локалните власти постојано работат на подобрување на инфраструктурата.
На второ место е Амстердам, во кој се прошируваат патеките и се менуваат раскрсниците за да се направат што е можно побезбедни за велосипедистите.
Исто така, постои план да се отстранат 11.000 паркинзи за автомобили до 2025, а тој простор да се искористи за велосипеди, тротоари и дрвја.
Третото место е резервирано за уште еден холандски град, Утрехт. Овој град е познат по иновации и добрата волја на политичарите.
На четврто место се наоѓа Антверпен, а на петто место Стразбур, каде планираат да ги прошират патеките и во предградијата.
Повеќето други градови, кои се наоѓаат на првите 20 места се европски, со неколку исклучоци, како Монтреал и Ванкувер во Канада, Токио во Јапонија и Тајпеј во Тајван.
Ашера | Црнобело